Ковачевски во работна посета на Брисел на Самитот ЕУ-Западен Балкан

t

Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, е во работна посета на Брисел, во рамки на која ќе учествува на Самитот Европска Унија-Западен Балкан.

Во состав на делегацијата која ја предводи премиерот Ковачевски е вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ.

Домаќин на Самитот е претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел. Покрај премиерот Ковачевски, на Самитот ќе учествуваат лидерите и шефови на Влади и држави на земјите од Западен Балкан, 27-те земји членки на ЕУ, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола, еврокомесарот за проширување и добрососедство Оливер Вархеји, високи претставници на Светска Банка, Европска инвестициска банка (ЕИБ), Европска банка за обнова и развој (ЕБОР) и Советот за регионална соработка.

Премиерот Ковачевски ќе учествува во работните сесии на Самитот Европска Унија-Западен Балкан, каде во фокус на дискусиите ќе бидат геополитичката состојба, зајакнувањето на партнерството и соработката на земјите од Западен Балкан, забрзување на реформските процеси, како и усогласувањето на земјите од регионот со политиките и одлуките на ЕУ.

Во рамки на работната посета на Брисел, предвидено е премиерот Ковачевски, да одржи и билатерални состаноци.

Самитот Европска Унија-Западен Балкан има за цел да ги приближи кон ЕУ земјите од Западниот Балкан, подготвувајќи терен за нивно полноправно членство и овозможувајќи конкретни придобивки за граѓаните уште во текот на процесот на пристапните преговори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Метео: Видете какво ќе биде времето денес

Променливо облачно со сончеви периоди. По одделни…

ЗЕЛЕНСКИ БАРА ПИСМЕНИ ГАРАНЦИИ ОД ЗАПАДОТ: Украина…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара од западните…

Мерц му порача на Трамп: Мировниот договор…

Германскиот канцелар Фридрих Мерц му порача на…

НОВИ ЕКСПЛОЗИИ ВО ИРАН: Силни детонации во…

Иранските медиуми јавуваат за нови експлозии во…

ЕУ и НАТО: Претстои уште многу работа…

Европската Унија и НАТО повторија дека претстои…