Објавено на:

Бил Гејтс заработува дури 11 милиони долари дневно

t

Бил Гејтс заработува дури 11 милиони долари дневно. Колку дневно заработува коосновачот на Мајкрософт Бил Гејтс, кој е меѓу најбогатите луѓе во светот, објави и американската компанија Zippia, која посредува за вработување и објавува деловни податоци.

Гејтс беше најбогатиот човек на светот речиси 20 години, а потоа го надмина основачот на Амазон, Џеф Безос. Меѓутоа, кога станува збор за богатството, тој се уште е меѓу светската елита.

Како што објави Zippia, просечниот човек заработува 2,7 милиони долари во текот на животот, додека Гејтс заработува три до четири пати повеќе од таа сума во еден ден.

Проценките за точната сума на неговата дневна заработка варираат, но една од нив е дека таа е 10,95 милиони долари, што е 117 долари во секунда. Според друга проценка, станува збор за дневна заработка во износ од 7,6 милиони долари.

Мајкрософт е еден од изворите на заработката на Гејтс.

Откако ја основаше оваа компанија со Пол Ален во 1975 година, таа доминираше на различни технолошки пазари. Пред четири години имаше пазарна капитализација од еден трилион долари. Изворите на приход на Гејтс се инвестиции во недвижнини.

Најголем дел од својата заработка ја дава во добротворни цели, главно преку фондацијата Бил и Мелинда Гејтс

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Црна Гора во пламен: Пожари беснеат во…

Пожари се активни во пет општини во…

Кисела Вода има прилив на првачиња и…

Кисела Вода е општина што има прилив…

Мицкоски: Ширењето паника за водата во Скопје…

Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека ширењето информации…

Автобус со 84 српски туристи излетал од…

Автобус со 84 патници, сите државјани на…

Спречен нов масовен обид за илегален влез…

Мароканската полиција уапси најмалку 111 лица кои…