(Видео) Царината ги реши иновативните шверцери: Mакедонски државјанин скрил над 100.000 евра под акумулатор

t

Царинските инспектори од мобилните тимови од Секторот за контрола и истраги на граничниот премин Табановце во текот на минатиот викенд заплениле девизи кои македонски државјанин имал намера нелегално да ги внесе во државата, соопштија денеска од Царинската управа.

– Поради сомневање, царинските инспектори извршиле детална контрола на возилото со кое лицето патувало и притоа во предниот дел од моторот под акумулаторот во фолија и во пластична зип кеса се пронајдени скриени странски девизи, за кои лицето не поседувало документ за потекло на парите и не ги пријавило, се наведува во соопштението.

– До каде оди „креативноста“ на шверцерите!? Погледнете го видеото каде што колегите од мобилната царина откриваат девизи под акумулаторот во едно возило. Непријавените девизи се одземени, објави директорот на Царина, Стефан Богоев на неговиот фејсбук профил.

Согласно Законот за девизно работење, лицето сторило девизен прекршок и против него поднесена соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Втора експлозија за една недела: Крадци во…

Ноќеска нешто пред 4 часот во Нов…

Израелски војници се обучуваат за можна голема…

– Израелската армија тренира за можноста за…

Камионџија од Украина пронајден починат на Табановце

Пронајдено тело на починат маж на Табановце.…

Филипче им честиташе на победниците на изборите…

Поранешниот министер за здравство и иден пратеник…

По обидот за атентат Зеленски го отпушти…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го отпушти Сергеј…