УЖАС: Маж држел како робови возрасен човек и жена и им ја земал социјалната помош!

t

34-годишен маж од Србија е обвинет дека од втората половина на 2021 година до 17 ноември 2022 година во Николинци како робови држел 52-годишен маж и 25-годишна девојка и им ја земал социјална помош.

Вишото јавно обвинителство Панчево поднесе обвинителен акт против 34-годишникот поради сомнение дека во наведениот период врбувал и држел маж и жена злоупотребувајќи ги нивните тешки материјални и лични околности, јавува Нова.рс.

„Пријавениот се товари дека горенаведените дејствија ги презел со цел да ја искористува нивната секојдневна работа во домаќинството на 34-годишникот со цел оштетените да ги платат непостоечките долгови што им ги наложил пријавениот, во кои начинот на кој воспоставил однос сличен на ропството“.

Овој однос, според оштетените, го одржувал со употреба на сила и закани, а земајќи и пари од социјалната помош, извести Вишото јавно обвинителство.

Мажот е обвинет дека сторил две кривични дела трговија со луѓе за кои е пропишана затворска казна од три до 12 години, пишува Нова.рс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уапсени се петмина онлајн предатори во Србија:…

Српската полиција денеска спровела голема акција во…

Србин насилно отворил резервоар од охридско „порше“…

ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.С.(37)…

Еден месец пред изборите, Вучиќ најави помилувања…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес објави…

Србија ослободува 5000 тони дизел од државните…

Србија ќе ослободи околу 5000 тони дизел…

Србија отвори фабрика за израелски дронови, Вучиќ…

Српскиот претседател Александар Вучиќ соопшти дека денеска…