34 годишен полицаец усмртил 19 годишна девојка и избегал од местото на несреќата

t

Со обвинение за убиство од небрежност се соочува 34-годишен грчки полицаец кој ја предизвика сообраќајната несреќа во која загина 19 годишна девојка во Ксанти. По инцидентот, полицаецот ја оставил несреќната девојката без да ѝ укаже помош. Девојката потоа иако се бореше да остане жива, сепак почина

Колегите на 34-годишниот кој работи во полициската станица Џенисеас се посомневале во неговата вмешаност во несреќата што се случила нешто по 21 часот минатата среда, кога тој презентирал различни верзии за тоа што се случило. Првично тврдеше дека не го управувал автомобилот кој ја прегазил девојката и дека самиот повикал Брза помош. Сепак, тој не ги зел во предвид трагите од ударот пронајдени на службеното возило што го возел.

Откако возачот признал дека ја нанел смртната повреда на несреќното девојче, против него првично е поднесен предмет за предизвикување сообраќајна незгода со напуштање на жртвата, кој е доставен до првиот окружен обвинител во Ксанти, кој пак наредил тој да остане во притвор. Сега 34-годишниот полицаец е обвинет за убиство, а наредена е дисциплинска истрага и е суспендиран.

19-годишната девојка, која била однесена од автомобил додека го шетала своето куче, првично била пренесена во болницата во Ксанти, но било оценето дека е неопходно да се префрли во Клиниката за неврохирургија во болницата Кавала, каде ѝ била утврдена тешка повреда на главата и ѝ била пружена помош, но вчера за жал починала.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски го потпиша законот за продолжување на…

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска го…

Следува пекол: Русија почна нова офанзива на…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски потврди дека Русија…

Драма во Скопје: Претепал жена, а потоа…

Вчера во 11.20 часот на подрачјето на…

ДИК: Досега не се понднесени приговори за…

До Државната изборна комисија (ДИК) до 15…

Државната дума на Русија го именуваше Михаил…

Државната дума на Русија на пленарниот состанок…