Вучиќ за дојавите за бомби: „Ќе бидат уапсени луѓе во Србија, но и во многу земји во Европа“
Проблемот со дојавите за бомби ќе се реши во рок од 48 часа, а во следните денови ќе има апсења во Србија, но и во други европски земји, најави синоќа во гостувањето на ТВ Прва претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
„Некои од луѓето се под надзор… Фативме мрежа на оние кои пријавуваа дојави за лажни бомби, повеќе луѓе ќе бидат уапсени во Србија, но и во многу земји во Европа“, рече претседателот.
Вучиќ рече дека истрагата ќе биде завршена денеска или утре, односно во рок од 48 часа.
„Тоа е дел од психолошка војна против една земја. Во 99 проценти од случаите нема да има бомби, но тоа е начин да се воведе несигурност и да се отфрли стабилноста на една земја“, рече тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Рокас без предвидување за извештајот на ЕП:…
Евроамбасадорот Михалис Рокас рече дека не може…
Просечната нето плата во април 45.452 денари
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во…
Констатирани неправилности, Обвинители намерно и неоправдано направиле…
Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на…
Путин како Мицкоски: Тектонски промени во глобалната…
Рускиот претседател Владимир Путин се обрати на…
Српските возови добиваат бизнис класа
За околу година, година и пол, „Србијавоз“…