Демант од Град Скопје: Не е точно дека Скопје нема да биде европска престолнина на културата во 2028 година

t

Градот Скопје остро ги демантира наводите и дезинформациите објавени денеска со наслов „Скооје нема биде европска престолнина на културата“, во кој се тврди дека Град Скопје нема да биде Европска престолнина на културата во 2028 година.

– Овие тврдења се лага со која се манипулира јавноста и се шират невистини. Според правилата на Европската комисија, и во 2028 година три града ќе ја носат титулата европски престолнини на културата, односно два од ЕУ (еден град во Чешка, еден во Франција) и еден град од земја надвор од Европската Унија, од земја членка на ЕФТА/ЕЕА, земја кандидат или потенцијален кандидат за членство во ЕУ. На Скопје во финалниот избор за титулата Европска престолнина на културата 2028 од земја надвор од ЕУ конкуренција му беше Будва, појаснуваат од Град Скопје.

– Ве потсетуваме дека во рамките на целокупниот изборен процес на градовите што ќе ја носат престижната титула, Град Скопје беше официјално избран на 20 септември (самиот настан и прогласувањето беа пренесени во живо на повеќе медиуми во Македонија), претходно беше избран градот Ческе Будјејовице од Чешката Република, а вчера (13 декември, како што беше најавено) беше избран и последниот град – претставник од Франција, Бурж. Значи, за Европски престолнини на културата за 2028 година се избрани: Скопје, Ческе Будјејовице од Чешката Република и Бурж од Франција, се наведува во демантот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДВА ТАНКЕРА СО РУСКИ ДИЗЕЛ ГО СМЕНИЈА…

Два танкера кои превезуваат дизел од руско…

Мемов, Славески и Трајкова: Пензионерите да бидат…

Директорот на Фондот на пензиско и инвалидско…

(Видео) Најверојатниот иден премиер на Србија: Иран…

Дејан Шошкиќ од српската Студентска листа го…

Рокас: Годинашниот извештај е подобар од претходниот,…

Евроамбасадорот Михалис Рокас оцени дека Македонија во…

Последен пат го направи ова денот кога…

Руското Министерство за надворешни работи повторно им…