Естонија: Русија ја разбира само груба сила, треба некој да и’ ја скрши кичмата
Eстонија ќе ја поддржува Украина со 0,25 отсто од нејзиниот бруто домашен производ (БДП) во следните четири години, соопшти денеска естонската влада, повикувајќи ги сојузниците да го сторат истото.
Естонија, која се граничи со Русија, се очекува да потроши 3,2 отсто од својот БДП во 2024 година за одбрана, вклучително и поддршка за Украина.
„Нашите пресметки покажуваат дека ако слободниот свет е подготвен да и помогне на Украина во износ од 0,25 отсто од нејзиниот БДП годишно, тоа би било доволно за да и го скрши грбот на Русија, која разбира само брутална сила“, рече министерот за одбрана Хано Певкур.
„Тоа е мала цена што треба да се плати во споредба со трошоците ако руската агресија на крајот се исплати“, додаде тој.
Еден од најверните поддржувачи на Украина во Европската унија и НАТО, исто така, најави пакет помош од 80 милиони евра за Украина во четвртокот, вклучувајќи и противтенковски ракети.
Централната банка на Естонија прогнозира БДП на земјата за 2024 година на 41,2 милијарди евра, што значи дека нејзината поддршка од 0,5 отсто за Украина може да изнесува околу 206 милиони евра следната година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израел со 60 авиони го нападна Иран
Израелските воздухопловни сили извршија голем бран воздушни…
Израелски тенк пукал во толпа и убил…
Израелски тенкови денеска отвориле оган врз толпата…
Бугарија веќе шест месеци нема важен лек…
Повеќе од шест месеци – уште од…
Студентите поднесоа нова кривична против Вучиќ за…
Студентите кои ги блокираа правните и медицинските…
Скопјнец возел со 1.34 промили алкохол во…
Поради основано сомневање дека сторил кривично дело…