Обвинителството побара во Турција да му земат ДНК на Љупчо Палевски – Палчо

t

Јавното обвинителство Скопје побарало од турските власти да се обезбеди комплетен дактилоскопски и ДНК материјал од Љупчо Палевски – Палчо, првоосомничен за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, велат оттаму за „Слободен печат“.

Ваквото барање од ЈО Скопје било упатено преку каналите за меѓународна соработка веднаш откако Палевски беше лишен од слобода во Турција, во градот Баликесир.

Обдукцијата за 14-годишната Вања Ѓорчевска е завршена но резултатите односно наодот уште не е целосно напишан и испратен до Обвинителството, бидејќи се чека на вештачења кои одземаат подолго време.

На 3 декември годинава, во околината на Скопје беше пронајдено безживотното тело на Ѓорчевска која беше пријавена за исчезната на 27 ноември, а во околината на Велес пронајдено беше и телото на Панче Жежовски од Велес кој беше пријавен за исчезнат на 27 ноември.

Во врска со двата случаи, осомничени се пет лица, од кои четворица се во притвор а Палевски е во Турција и чека да биде екстрадиран.

Претходно, во врска со кривичните дела беше пронајдено опожарено возило „цитроен“ и по извршени вештачења обезбедени беа материјални докази за инволвираност на лицата, за што по целосно документирање на случаите, во координација со Јавен обвинител поднесени беа кривични пријави.

Од реализираните оперативни мерки е утврдено дека малолетничката Вања е земена од влезот на живеалиштето, а од обезбедените информации од распитот утврдено е дека била убиена истиот ден, на 27-ми ноември околу 10 часот наутро. Времето на настапување на смртта дефинитивно треба да се потврди од обдукцијата.

Пронајдени и одземени се мобилни телефони, компјутери, возило, извршени се бројни разговори со семејствата, познаниците, пријателите и лица кои би можеле да имаат било каква информација, а во истражните дејства секојдневно беа вклучени неколку стотини полициски службеници кои работеа исклучиво на овие случаи.

Во деновите по исчезнувањето на двете лица, јавните обвинители издадоа наредби за претреси на повеќе локации, обезбедување снимки од видео надзор, лоцирање врз основа на базни станици, анализа и вештачења на електронските уреди, вештачења на материјални траги и докази, вклучително и автомобилот поврзани со настанот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Орбан им ја честиташе победата на Силјановска…

Унгарскиот премиер Виктор Орбан ја честиташе победата…

Стево го победи СДСМ со над 90.000…

Според досегашните резултати од вториот круг на…

ПАДНАА ПРВИТЕ ОСТАВКИ ВО СДСМ – си…

Ова е неговиот интегрален текст објавен на…

Апасиев: Левица ќе продолжи за петпати појако…

По 85% од пребројани гласови, партијата Левица…

Вучиќ и ја честиташе победата на Сиљановска-Давкова

Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва и ја…