(Видео) НЕ ГО ЗНАЕ ИЛИ ГО УТНА ПРЕЗИМЕТО НА БУГАРСКИОТ КОЛЕГА; Бектеши го нарече Асенов министерот за финансии на Бугарија, Асен Василев
Министерот за економија Крешник Бектеши не го знае или го згреши името на бугарскиот министер за за финансии кого денеска го нарече „колегата Асенов“, иако тој се презива Василев.
Во одговор на новинарско прашање поврзано со најавата за повлекување на бугарската такса за транзит на руски гас и барањето за проширување на капацитетите, Бектеши рече дека неговиот „бугарски колега Асенов не знаел какви одлуки донел, па да ги имплементира“.
– Повеќето мислеа дека Македонија или Министерството за економија се шегува кога се спротивстави на таксата. Се земаа изјави од мојот колега Асенов за кои испадна дека не се точни. Прво, тој не знаел какви одлуки носел за да може да ги имплементира. Тоа што го кажавме ние како аргументи во Европската комисија, граѓаните да бидат спокојни обезбеден е природен гас за топланите во нашата држава, ќе биде снабдуван со топлинска енергија градот Скопје во текот на целата грејна сезона. Проширувањето на капацитетот е принципиелно барање согласно регулативите на ЕУ и согласно процентот колку тој гасовод во моментот се користи. Имаме простор од 45 до 50 отсто да се прошири тој капацитет, да се зголеми конкурентноста и да се добијат поконкурентни цени и за индустријата, освен за тоа што ги добиваме за потребите на топланите – рече Бектеши.
Од сајтот на бугарскиот Министерскиот совет (Влада на Република Бугарија ) од 06.06.2023, може да се види дека министер за економија и индустрија е Богдан Богданов. Но, ако министерот Бектеши мислеше на министерот за финансии во владата на Бугарија, тогаш го згреши неговото презиме и го нарече Асенов. Името на министерот за финансии на Бугарија е Асен Василев.
Изјавата е во 10.40 минути.
https://www.facebook.com/watch/live/?ref=watch_permalink&v=851569040082247
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Британија има околу 940 албански затвореници: Трансферот…
Албанските државјани веќе седум години се најбројната…
Хрватска го проширува системот за рано откривање…
Системот за видео надзор за рано откривање…
Ѓорческа поразена на стартот од квалификациите на…
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да…
Барнам од Киев: Украина е првата линија…
Британскиот премиер Енди Барнам вети континуирана поддршка…
Муцунски – Саар: Потпишани билатерални документи за…
Во рамките на работната посета на Израел,…