Пари и дрога пронајдени кај две лица од Охрид, полицијата ги приведе
Синоќа во 20.10 часот на булеварот „Туристичка“ во Охрид, по преземени мерки и активности, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид ги лишиле од слобода Љ.З.(40) и Ж.Р.(33), двајцата од Охрид.
Тие биле затекнати во близина на станот кој го користеле и при преглед кај нив, кај Љ.З. биле пронајдени и одземени повеќе пакувања со бела прашкаста материја, додека кај Ж.Р. била пронајдена и одземена поголема сума на пари.
Подоцна, при претрес во станот, извршен по судска наредба, биле пронајдени и одземени една ќеса со повеќе пакувања бела прашкаста материја, ќеса со бела грутчеста материја, дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја и други предмети со остатоци од бела прашкаста материја.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДВА ТАНКЕРА СО РУСКИ ДИЗЕЛ ГО СМЕНИЈА…
Два танкера кои превезуваат дизел од руско…
Мемов, Славески и Трајкова: Пензионерите да бидат…
Директорот на Фондот на пензиско и инвалидско…
(Видео) Најверојатниот иден премиер на Србија: Иран…
Дејан Шошкиќ од српската Студентска листа го…
Рокас: Годинашниот извештај е подобар од претходниот,…
Евроамбасадорот Михалис Рокас оцени дека Македонија во…
Последен пат го направи ова денот кога…
Руското Министерство за надворешни работи повторно им…