(Видео) Обидот на ДПМНЕ да се пресмета со медиум искористувајќи трагедија е на граници на лудило и некрофилска психопатија
Тоа што ВМРО-ДПМНЕ ја искористи трагедијата со малата Вања за да се пресмета со медиум, во случајов со Инфомакс, е на граници на лудило и некрофилска прихопатија, истакна во вчерашното гостување во “Тешки муабети” аналитичарот Благојче Атанасовски.
Како што вели Атанасовски, да беа политичарите толку потресени и загрижени за трагедијата немаше веднаш следниот ден да се соберат на лидерска средба и да се договараат за датум за одржување на парламентарни и претседателски избори.
– Ако вие толку сте сочувствувале со трагедијата немаше веднаш во понеделникот да отидете на лидерска средба и да ви биде важно да го договорите датумот за изборите и да се правите потресен од случајот, а да не почекате макар и три дена, што се вели да биде погребано девојчето, а потоа да размислувате за идните парламентарни и претседателски избори и кога би бил рокот на одржување.
Се виде дека тоа е лицемерие од политички елити, буквално како хиени се нафрлија да го злоупотребат тој случај. Јас како граѓанин не напишав ништо бидејќи не се чувствував дека нешто можам да направам во таа хистеризација што се случи на социјалните мрежи. Ми сметаше што секој еден се направи и детектив, криминолог, експерт, психолог, психијатар и паметува зошто сме дошле до таа ситуација.
Тој случај веќе отиде во заборав на јавноста, ќе дојде Нова година, сите тие што кубеа коси сочувствувајќи со погибијата и трагедијата ќе си прославуваат сега и Свети Никола и Нова година и Божиќ и сѐ и сега се зборува дека градот е ненаките. И сега главна тема е дека Скопје е или не е накитено.
Се направи масовна хистеризација на социјалните мрежи, тоа беше и потпалувано да се случи така, вели Атанасовски кој додава дека е на раб на лудило тоа што партија искористи трагедија за да се обиде да се пресмета со медиум.
– Тоа е доказ за нивниот демократски, морален, човечки капацитет и потенцијал. Ако мислите дека таква трагедија би била “златна шанса” да се пресметате со некој како хиена, тоа е во граници на лудилото и некрофилската психијатрија. Мислам дека тој случај воопшто не треба да се третира да политички поени и пресметки.
Јас сум бил против злоупотреба на малата Тамара, претходно имаше и други случаи. Политичарите ако толку беа ревносни да се грижат за здравјето и безбедноста на граѓаните ќе направеа здравствен систем за Тамара и институционален систем да не дојде до убиството на Вања, истакна Атанасовски.
Целата епизода погледнете ја во продолжение:
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фала Мицкоски и Тошковски – Нов парк…
Во Радуша никнува нов парк, но не…
СДСМ: ДПМНЕ одби клучни амандмани за земјоделците
Првиот амандман, кој имаше за цел да…
Двојни аршини: Кога должи фирма на министер…
Долг на фирма не е кривично дело,…
„И лавот му рече на орелот мјау“:…
Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ)…
(Видео) Николова: Мицкоски без грам совест и…
Предложениот ребаланс на буџетот не ветува дека…