Објавено на:

Украина распиша потерница по рускиот патријарх Кирил

t

Министерството за внатрешни работи на Украина објави листа на трага по патријархот московски и на цела Русија Кирил, кој наводно „се крие од предистражната постапка“, како што е наведено во базата на податоци на украинската полиција.
Според украинското Министерство за внатрешни работи, Службата за безбедност на Украина го бара рускиот патријарх врз основа на обвиненијата објавени на 11 ноември, а информацијата е дополнета на 15 декември со фотографија на патријархот и неговото световно име – Владимир Гундаев, и информации дека по него е распишана потерница.


На почетокот на ноември, властите во Киев, познати по прогонот против Руската православна црква, објавија дека е покренато обвинение против патријархот Кирил за „загрозување на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина“. Тогаш, сепак, не беше наведено дека по него е распишана потерница.
Поглаварот на Руската православна црква претходно ги повика сите христијански цркви и меѓународни организации да ја поддржат канонската Украинска православна црква, чија работа беше забранета со одлука на Врховната Рада на Украина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украинскиот град Олешки се соочува со глад…

Украинските сили доставија околу 4 тони храна…

Руски дронови ја запалија украинската Национална академија…

Руски беспилотни летала го нападнаа центарот на…

Зеленски: Путин постојано наоѓа изговори за да…

Русија бара каков било изговор за да…

Свештеник почина по напад со нож во…

Еден свештеник почина, а уште четири лица…

Ердоган до Зеленски: Турција е подготвена да…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека…