Украина и Молдавија можат да ја дестабилизираат ЕУ, вели Дмитриј Песков

t

Русија денеска објави дека одлуката на Европската Унија да ги отвори пристапните преговори со Украина и Молдавија е политичка одлука која може да ја дестабилизира Унијата и ја пофали Унгарија што и се спротивставува.

„Преговорите за пристапување во ЕУ може да траат со години и децении. ЕУ отсекогаш имала строги услови за пристапување и сосема е јасно дека ниту Украина ниту Молдавија не ги исполнуваат критериумите“, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Јасно е дека ова е апсолутно политичка одлука, дека ЕУ сакаше да се солидаризира со овие земји. Сепак, таквите нови членки може да ја дестабилизираат ЕУ и, со оглед на тоа што сме на истиот континент, секако дека внимателно ја следиме” тој додаде.

Европските лидери на самитот се согласија да ги отворат преговорите со Украина иако таа моментално е во војна со Русија, која рече дека војната ќе продолжи додека не ги исполни своите цели. Лидерите го надминаа противењето на унгарскиот премиер Виктор Орбан со напуштање на салата во моментот кога се гласаше за историскиот чекор, што Песков го коментираше со иронија.

„Тоа е уникатен случај, да се чека некој да излезе на кафе, а потоа да се носат одлуки во негово отсуство“, рече тој.

ЕУ, исто така, се согласи Грузија, која како Украина и Молдавија е поранешна советска република, да стане кандидат за членство.

„За наша несреќа, желбата на ЕУ да ја покаже оваа политичка волја во голема мера е детерминирана од желбата да ја изнервира Русија што е можно повеќе и да ја антагонизира ЕУ во однос на Русија“, рече Песков.

Поради унгарската блокада, самитот не можеше да се договори на 50 милијарди евра за помош на Украина.

– Унгарија има свои интереси и за разлика од многу други земји-членки цврсто ги брани, импресионирани сме од тоа – рече Песков.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фон дер Лајен: Патот на Македонија кон…

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер…

Сирски: Ситуацијата во регионот Харков е комплицирана,…

– Вооружените сили на Украина се во…

(Видео) 19 лица, меѓу кои и деца…

Украинските сили го гранатираа Белгород, а од…

Грчкиот МНР: Патот на Македонија кон ЕУ…

Во однос на Македонија, повеќепати нагласив дека…

Британија за ненадејната руска офанзива: „Ова е…

Британскиот министер за надворешни работи, Дејвид Камерон…