Агелер: Институциите да се прашаат како дозволија убиство на дете
Амбасадорка на САД Ангела Агелер, во интервју за емисијата „Стадион“ на Канал 77 зборува за повеќе актуелни прашања, како „епидемијата на корупција“, очекувањата од нови имиња на „црната листа“, интегритетот на судиите и обвинителите и нивната улога во реформирањето на државата и општеството, очекувањата на граѓаните….
Агелер зборува и за трагичниот крај на животот на 14-годишната Вања Ѓорчевска и при тоа очекува луѓето од институциите, кои ги оставија криминалците што го убија детето слободно да шетаат, да се погледнат во огледало и да се прашаат, што можеа да сторат за да ја спасат оваа млада девојка и сите други деца во земјава.
Дозволете да ви кажам искрено, како што и претходно денес бев, системот не успеа да ѝ помогне на таа млада девојка. Се работи за криминалци, за кои се знаело дека се криминалци, дека се насилни, и не се во затвор. Не биле претходно апсени и затворани. Не биле апсени и целосно гонети за нивните претходни злосторства. Не морале да ја платат таа цена, и цената ја плати една млада девојка. Вања ја плати цената. Срцепарателно е, апсолутно е срцепарателно, и сега не е време за политизација. Време е за институциите да фрлат еден безмилосен поглед на себе. И да се прашаат, што можевме да сториме за да ја спасиме оваа млада девојка и сите други деца во земјава? Зошто дозволуваме криминалците слободно да се движат и да вршат злодела врз кого било во државава? Ова е трагедија и се надевам, се молам, дека оваа држава, граѓаните, институциите и државните претставници ќе се погледнат во огледало и ќе прашаат што правевме, што треба да направиме сега за да обезбедиме дека вакво нешто никогаш повеќе нема да се случи, вели Агелер во разговорот.
Целото интервју овде.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЗЕЛЕНСКИ БАРА ПИСМЕНИ ГАРАНЦИИ ОД ЗАПАДОТ: Украина…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара од западните…
Мерц му порача на Трамп: Мировниот договор…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц му порача на…
НОВИ ЕКСПЛОЗИИ ВО ИРАН: Силни детонации во…
Иранските медиуми јавуваат за нови експлозии во…
ЕУ и НАТО: Претстои уште многу работа…
Европската Унија и НАТО повторија дека претстои…
ИРАК СЕ ПОДГОТВУВА ЗА НОВА ВОЈНА МЕЃУ…
Ирак започнал подготовки за можен нов вооружен…