Излезноста на изборите во Србија малку повисока од лани

t

На вонредните парламентарни избори во Србија до 14 часот гласале 32,38 отсто од гласачите, соопшти Републичката изборна комисија (РИК).

Во споредба со истиот временски период на изборите во април 2022 година, излезноста е слична. Лани до 14 часот гласаа 31,56 отсто.

Покрај на парламентарни, граѓаните на Србија гласаат и на покраински, како и на локални избори во над 60 градови и општини. Вклучително и во Белград кој се смета за клучен во соочувањето помеѓу владејачката коалиција на претседателот Александар Вучиќ и прозападната опозиција обединета под слоганот „Србија против насилството“.

Дел од српските медиуми досега јавија дека во белградска Штарк арена масовно се носат гласачи од ентитетот Република Српска во Босна и Херцеговина, за да гласаат во Белград.

Претседателот на РИК, Владимир Димитриевиќ, пак, изјави дека во Штарк арената нема „гласачки места“ и оти законот не забранува луѓето да се собираат и заедно да одат на гласање.

„Е сега, кој, како и зошто ги донел организирано и од која причина не спаѓа под надлежност на РИК“, рече Димитриевиќ.

Претставници на опозициските партии во РИК, пак, се обидоа да влезат во арената, но беа физички спречени.

По кратка расправија, ги истуркаа мажи кои тврдат дека работат како приватно обезбедување. Според објавените снимки на социјалните мрежи, членовите на РИК се расправаат со двајца припадници на обезбедувањето инсистирајќи да влезат во салата, на што им беше одговорено дека не може бидејќи внатре „се снима филм“.

На прашање на претставниците на РИК зошто гласачи цел ден доаѓаат со автобуси пред арената, обезбедувањето им одговори: „Статисти, статисти“.

Репортерката на РСЕ пред Штарк арената снимаше автобуси со луѓе кои доаѓаат и влегуваат во салата.

Телевизијата Н1 претходно објави повеќе видео и аудиоснимки на кои се гледа како автобуси од БиХ доаѓаат пред арената. На тајните аудиоснимки кои ги направила новинарската во разговор со некои од луѓето кои дошле, се слуша дека тие кажуваат оти доаѓаат од Република Српска.

На прашањето зошто баш во Белград гласаат, а не на местото на своето живеалиште, еден од гласачите одговори дека не знае.

Гласањето на денешните српски избори се одвива на вкупно 8 273 избирачки места, а своето право на глас на парламентарните избори ќе можат да го остварат 6 500 666 запишани избирачи. Во Белград бројот на гласачи изнесува 1 613 190.

Граѓаните на Србија на вонредните парламентарни избори бираат 250 пратеници за српскиот парламент.

На парламентарните избори учествуваат 18 изборни листи, 13 покраински, а на локалните во Белград свои претставници кандидираа 14 листи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дачиќ за 9 мај: Не смееме да…

Вицепремиерот и министер за внатрешни работи на…

Кинескиот претседател од Белград: Кина ќе работи…

Претседателот на Народна Република Кина, Си Џингпинг,…

Македонски пејачи ќе пеат во Бугарија на…

Втора година по ред во бугарското село…

Курти: Србија шири пропаганда за насилство врз…

Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека секој…

Џипинг за српска „Политика“: Нека светлината на…

Авторски текст на Претседателот на Народна Република…