Instagram претстави нови алатки за намалување на спам пораките

t

Компанијата објави пакет на нови алатки кои спречуваат спам да ги преплави корисничките профили.
Meta почна да испорачува пакет на нови алатки за Instagram, давајќи им на корисниците поголема контрола врз тоа колку спам и ботови гледаат на нивните фидови.

Луѓето исто така ќе бидат известени доколку содржината што ја објавиле ги прекршува упатствата за условите за користење. Новите алатки постепено ќе им бидат достапни на корисниците во текот на следните недели.

Секоја сомнителна сметка за спам или бот ќе се филтрира во посебно сандаче за преглед, а доколку се утврди дека сметката не е спам, корисникот може да го одобри барањето и сметката ќе биде додадена на листата на следбеници. Ако тоа не е случај, сите сметки автоматски ќе се отстранат по 30 дена.

Instagram ќе испраќа и известувања во апликацијата доколку открие објави кои ги прекршуваат правилата за користење на платформата. Кога станува збор за Stories, Instagram вели дека сè уште експериментира со криење погледи од сметките за кои платформата смета дека се спам.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израелскиот претседател му го довери мандатот на…

Израелскиот претседател Исак Херцог денеска му го…

Отпорноста на бактериите на антибиотици е сè…

Отпорноста на бактериите на антибиотици, која во…

Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски…

Иран и Русија планираат изградба на гасовод…

Иран планира во соработка со Русија да…