Манчестер Сити казнет
Англискиот фудбалски клуб Манчестер Сити е казнет со 120.000 фунти поради протестите на своите играчи против судиските одлуки на натпреварот од Премиер лигата против Тотенхем.
Фудбалерите на Сити го опколија судијата Хупер откако тој не дозволи предност при напад на тимот од Манчестер.
Фудбалскиот сојуз на Англија соопшти дека Сити прифатил дека не успеал да обезбеди неговите играчи „да не се однесуваат несоодветно“ за време на инцидентот.
Во протестите се истакна напаѓачот на Сити, Ерлинг Халанд, кој продолжи да го критикува судијата и по завршувањето на натпреварот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уште еден силен земјотрес ја погоди Индонезија:…
Втор земјотрес со интензитет од 6,9 степени…
Земјотрес попладнево во Македонија
Земјотрес со јачина од 2,8 степени според…
Викнал Брза помош за мајка му, па…
На 14.08.2026 во 00:00 часот во ОВР…
Приведени 12 возачи за безобѕирно управување со…
Во текот на изминатото деноноќие, на целата…
Револт во Пелагонија, пченицата откупена за 10…
Револт во Пелагонија предизвикува откупната цена на…