Маричиќ: По уставните измени поглавјата се отвораат автоматски

t

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ оценува дека неодамнешната одлука на Европскиот совет значи спроведување на усвоената Преговарачка рамка и ја потврдува подготвеноста на ЕУ да Македонија да продолжи со пристапните преговориведнаш по усвојувањето на уставните измени.

– Скринингот го завршивме успешно. Поглавјата се отвораат автоматски по уставните измени, без нова политичка одлука и без понатамошни одлагања. Сѐ е веќе предвидливо кога се во прашање нашите интеграции. Точно знаеме што добиваме, а тоа се европска помош за реформите и огромни европски фондови. И точно знаеме дека ништо не губиме. И добро знаеме дека до 2028 година можеме да ги завршиме преговорите со што најдоцна до 2030 година ќе станеме официјална полноправна членка во Европската Унија, изјавил Маричиќ во интервју за „Рацин.мк“.

Според него, сѐ ќе беше поинаку ако веќе беа усвоени уставните измени.

– Ние знаеме дека можеше да биде поинаку доколку веќе ги усвоевме уставните амандмани. Реализацијата на успешниот скрининг значи дека сме подготвени за понатамошно непречено спроведување на реформите, односно подготовка на патоказите за реформи во јавната администрација, патоказот за владеење на правото и акцискиот план. Ние како Влада инсистираме на спроведување на понатамошните реформски обврски, препознавајќи го моментот во кој Европската комисија дава непречена и силна поддршка за нас. И Европската комисија знае за предизвиците со кои се соочуваме и затоа упорно ја споделуваат поддршката кон државата и јавноста, вели тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЗЕЛЕНСКИ БАРА ПИСМЕНИ ГАРАНЦИИ ОД ЗАПАДОТ: Украина…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара од западните…

Мерц му порача на Трамп: Мировниот договор…

Германскиот канцелар Фридрих Мерц му порача на…

НОВИ ЕКСПЛОЗИИ ВО ИРАН: Силни детонации во…

Иранските медиуми јавуваат за нови експлозии во…

ЕУ и НАТО: Претстои уште многу работа…

Европската Унија и НАТО повторија дека претстои…

ИРАК СЕ ПОДГОТВУВА ЗА НОВА ВОЈНА МЕЃУ…

Ирак започнал подготовки за можен нов вооружен…