Ковачевски: Уставните измени се клучни и нема нови условувања

t

Преговарачката рамка е многу јасна, скринингот успешно е завршен, а нови услови од Бугарија – нема. Премиерот е уверен дека уставните измени остануваат клучни за продолжување на евроинтегративниот пат на Македонија. Ковачевски се обиде да го дообјасни ставот на бугарската министерка за надворешни работи Марија Габриел, изнесен на собраниската комисија за прашања на Европската унија, Шенген зоната и еврозоната. Таа вели дека пречка на патот кон ЕУ за Македонија не се само Уставните измени, туку и Договорот за добрососедство како и двата Протоколи – три взаемно врзани инструменти.

„Таа не кажа дека има нови услови. Ние имаме многу јасна преговарачка рамка во којашто има обврски за Европската унија и се разбира за Северна Македонија. Впрочем, погледнете ги заклучоците. Таму многу јасно стои што Македонија треба да направи за веднаш, без одлагање и без дополнително закажување да биде свикана втората меѓувладина конференција. Сето друго е дневна политика којашто никому не оди во прилог, освен на оние кои не сакаат да ја видат земјата интегрирана во Европската унија“, изјави премиерот Димитар Ковачевски.

Според министерката Габриел, освен што нема напредок на полето на уставни измени, било констатирано и дека нема напредок ниту на другите две полиња. Премиерот Ковачевски контра на тоа, во полза на Македонија ги користи аргументите дека имаме успешно завршен скрининг процес и најјасен заклучок досега на последниот европски Совет. Но, вината за барем засега закочениот процес на усвојување на амандманите на Уставот, премиерот ја префрли на опозицијата и според него – антиевропските сили, како главна причина за пропуштената шанса. А, опозициската ВМРО-ДПМНЕ и денес ја искористи изјавата на Марија Габриел за да ја обвинат власта дека се служи со лаги и невистини, дека уставните измени се последната пречка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Орбан им ја честиташе победата на Силјановска…

Унгарскиот премиер Виктор Орбан ја честиташе победата…

Стево го победи СДСМ со над 90.000…

Според досегашните резултати од вториот круг на…

ПАДНАА ПРВИТЕ ОСТАВКИ ВО СДСМ – си…

Ова е неговиот интегрален текст објавен на…

Апасиев: Левица ќе продолжи за петпати појако…

По 85% од пребројани гласови, партијата Левица…

Вучиќ и ја честиташе победата на Сиљановска-Давкова

Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва и ја…