Бугарија престанува да увезува руска сирова нафта
Бугарија од 1 март следната година ќе престане да увезува сирова нафта од Русија иако има посебна дозвола од Брисел да продолжи да го прави тоа до 1 октомври, одлучи вчера бугарскиот парламент. Таа одлука ја протурка прозападното владејачко мнозинство и таа става точка на извозот на производи од руска сирова нафта од 1 јануари.
Новите правила главно ќе влијаат на рафинеријата Лукоил Нефтохим во мнозинска руска сопственост, западно од бугарскиот пристанишен град Бургас на Црно Море. Изземањето кое Брисел го одобри за увоз на руската нафта до сега не ја натера рафинеријата да се префрли на алтернативни добавувачи.
Забраната за увоз на сирова нафта од Русија ќе му оневозможи на Лукоил, а со тоа и на Кремљ, дополнителна добивка за финансирање на воените операции во Украина, кажа шефот на одборот за енергетика на бугарскиот парламент Дељан Добрев.
Руската нафтена компанија извести дека ќе ја преиспита својата стратегија во Бугарија поради сменетата деловна атмосфера, вклучувајќи потенцијална продажба на рафинеријата и бензинските пумпи во Бугарија. Рафинеријата на нафта, која работи од 1963 година, е најголемата во југоисточна Европа, а беше приватизирана во 1999 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЗЕЛЕНСКИ БАРА ПИСМЕНИ ГАРАНЦИИ ОД ЗАПАДОТ: Украина…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара од западните…
Мерц му порача на Трамп: Мировниот договор…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц му порача на…
НОВИ ЕКСПЛОЗИИ ВО ИРАН: Силни детонации во…
Иранските медиуми јавуваат за нови експлозии во…
ЕУ и НАТО: Претстои уште многу работа…
Европската Унија и НАТО повторија дека претстои…
ИРАК СЕ ПОДГОТВУВА ЗА НОВА ВОЈНА МЕЃУ…
Ирак започнал подготовки за можен нов вооружен…