Спасувачка акција во Тиквешко: Екипа со посебна опрема го спаси лицето кое остана завеано в планина поради неговите кучиња

t

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека е спасено лицето кое било заглавено во својата викендица над с. Радња, во месноста „Гатеново“, кавадаречко.

Регионалниот ЦУК Кавадарци извести дека екипа од зимската служба за одржување на улици и патишта на Општина Кавадарци вчера со трактор со специјализирана опрема – нож за сечење дрвја и едно теренско 4х4 возило организирале и извршиле акција за да го извлечат лицето коешто беше завеано во месноста „Гетеново“.

-Со себе имале и човек кој го познава добро теренот, бидејќи, се работи за планински терен надвор од селото, каде што има само викендички со голема оддалеченост една од друга. Патот до таму е земјен, а висината на снежната покривка е околу половина метар и имало многу искршени гранки и дрвја од тежината на снегот што го попречувале планинскиот земјен пат, велат од ЦУК.

Од ЦУК Кавадарци истакнале дека се слушнале со човекот и дека истиот е дома и во добра состојба.

Вчера беше соопштено дека лицето одбило да биде пренесено со „четирицикл“, бидејќи не знаело што да прави со неговите две кучиња.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЗЕЛЕНСКИ БАРА ПИСМЕНИ ГАРАНЦИИ ОД ЗАПАДОТ: Украина…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара од западните…

Мерц му порача на Трамп: Мировниот договор…

Германскиот канцелар Фридрих Мерц му порача на…

НОВИ ЕКСПЛОЗИИ ВО ИРАН: Силни детонации во…

Иранските медиуми јавуваат за нови експлозии во…

ЕУ и НАТО: Претстои уште многу работа…

Европската Унија и НАТО повторија дека претстои…

ИРАК СЕ ПОДГОТВУВА ЗА НОВА ВОЈНА МЕЃУ…

Ирак започнал подготовки за можен нов вооружен…