Објавено на:

„Волстрит журнал“: Путин е победник на годината

t

Претседателот на Русија, Владимир Путин е геополитички победник на годината, објави американскиот весник „Волстрит журнал“.
„Победници на годината се Путин, Маск и американската економија, заедно со Тејлор Свифт и Врховниот суд… Не ми е мило да го објавам Владимир Путин за победник на годината, но неговата позиција изгледа неизмерно посилна од една година пред“, пишува коментаторот на весниците Џерард Бејкер.


Тој наведе неколку примери за да ги поткрепи своите тврдења: украинската контраофанзива за која многу се зборуваше заглави, руската економија се бореше со западните санкции, решеноста на европските лидери за конфликтот во Украина бледнее, а американската поддршка слабее.
„Путин покажа сурова предност на стратешкото трпение“, заклучи Бејкер.
Претходно, заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев изјави дека европската економија се лизга во рецесија, додека рускиот БДП расте.
Исто така, пратеникот во Европскиот парламент од германската партија „Алтернатива за Германија“ Гунар Бек изјави дека антируските санкции не го дале посакуваниот ефект. Тој оцени дека санкциите и штетат на Европската унија повеќе отколку на Русија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ердоган: Турција е единствената што може директно…

Турција е единствената што може директно да…

Вучиќ му честиташе на Орбан за организирањето…

Српскиот претседател Александар Вучиќ разговараше по телефон…

Путин го разреши заменик шефот на неговата…

Рускиот претседател Владимир Путин го разреши Дмитриј…

Зеленски до Трамп: Покажете јасен став и…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика Доналд…

Трамп побара од ЕУ да го притисне…

Американскиот претседател Доналд Трамп побарал од Европската…