Ковачевски: Македонија е прва земја во Европа која го реши проблемот со неевидентираните лица

t

Македонија е прва земја во Европа која го реши проблемот со неевидентираните лица. Со ова Република Македонија е прва земја во Европа која ова го овозможува без исклучок на секој свој граѓанин. Затоа голема благодарност уште еднаш до трите пратенички тука присутни и ако некој заслужува аплауз, тогаш тие три заслужуваат, рече премиерот Димитар Ковачевски истакнувајќи ја улогата на пратеничките Соња Мираковска, Љатифа Шиковска и Снежана Калеска – Ванчева, кои подготвија амандмани во Законот за Матична евиденција со кој системски продолжи да се решава проблемот со лицата неевидентирани во матичната книга на родени.

Согласно овие амандмани во законот за матична евиденција и согласно можноста секој граѓанин кој е роден кај нас да се впише во Матична книга на родените и да ги ужива сите права согласно уставот и законот. Законските измени и дополнувања го отворија патот за решавање на околу 526 човечки судбини, од кои до сега извршен е упис во матичната книга на родените на 409 лица. Останатите 117 лица ќе се впишат до крајот на годината.

-Наш верен партнер во носење на решенија се и граѓанските организации, нивната секојдневна теренска работа, која ни помогна да видиме кои се вистинските проблеми на овие наши граѓани. Затоа ги охрабрувам граѓанските организации да помогнат и лицата неевидентирани во матична книга доколку постојат и други кои досега не се охрабриле да го сторат тоа, што е можно најбрзо да се јават во матичните одделенија во местото каде живеат и да ја започнат постапката за нивно пријавување во матичните книги согласно амандманите во Законот за матична евиденција –  порача Ковачевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Европа се соочува со нов раст на…

Европа повторно се соочува со летен топлотен…

Европа ги зголемува армиите: Германија достигна највисок…

Германија значително го зголемува бројот на припадници…

„Кинезите нè јадат за појадок“: Германската автомобилска…

Во разговор зад затворени врати со висок…

Работник Ром го пријавил шефот Албанец дека…

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација…

Иранска терористичка мрежа врбува млади за убиства…

Мрежата Фокстрот е организирана криминална група поврзана…