Објавено на:

Трамп не е како Бајден, ќе има поинаков однос кон Украина

t

Враќањето на Доналд Трамп во Белата куќа може да има „големо влијание“ врз војната во Украина, предупреди украинскиот претседател Володимир Зеленски, на помалку од една година до претседателските избори во САД.

„Ако политиката на следниот претседател, кој и да е тој, биде различна кон Украина, постудена или поштедлива, тогаш мислам дека овие сигнали ќе имаат силно влијание врз текот на војната“, рече Зеленски на големата годишна прес-конференција.

Зеленски оцени дека Доналд Трамп е „поинаква личност“ од Џо Бајден и дека затоа ќе има „поинаква политика“. Сепак, украинскиот претседател се надева дека ќе се задржат главните карактеристики на американската политика кон Киев, пренесува агенцијата Франс прес.

Американските претседателски избори ќе се одржат во ноември следната година, а многу набљудувачи веќе ги сметаат за декларација за континуираната поддршка на Западот за Украина. Намалувањето на американската поддршка за Украина би можело да влијае и на онаа на Европската унија, која „сигурно нема да има позитивен ефект врз Украина“, смета украинскиот претседател.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Захарова: Русија е подготвена да го реши…

Разговорите меѓу Русија и Украина се движат…

Америка го бомбардираше Иран, објави Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп рано утринава, во…

Трамп изјави дека гледа „мал напредок“ во…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека гледа…

Путин откри што бара од Украина

Русија не бара капитулација на Украина, туку…

Украинската армија доби нов командант

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…