Зеленски во паника: Војската бара мобилизација на уште 450-500.000 луѓе

t

Украинскиот лидер на прес-конференција во Киев одржана по повод крајот на годината рече дека армијата и владата ќе разговараат за ова „многу чувствително прашање за мобилизација“ и дека потоа ќе биде испратено на разгледување во парламентот.

Мобилизирањето во таков опсег ќе бара и дополнително финансирање, додаде тој. „Тие предложија мобилизација на дополнителни 450 до 500 илјади луѓе. Тоа е многу сериозна бројка“, рече Зеленски. „Одговорив дека ќе ми требаат дополнителни аргументи за да го поддржам таквиот потег. Затоа што, пред сѐ, се работи за луѓе, второ, се работи за правичност, одбранбени способности и финансии.“

Украинскиот претседател нагласи дека за ваква мобилизација ќе бидат потребни речиси 12 милијарди евра. Поранешниот украински министер за одбрана Олексеј Резников минатото лето изјави дека околу милион луѓе се активни во украинскиот безбедносен и одбранбен сектор.

Украинскиот претседател рече и дека Украина ќе добие „повеќе“ од новите американски противвоздушни системи Патриот, кои се вредни за одбрана од Русија. „Нема да зборувам за бројки, но повеќе системи Patriot ќе бидат испратени во Украина за да ја бранат нашата земја во текот на зимата“, објасни тој.

Тој оцени и дека никој не може со сигурност да каже кога ќе заврши војната со Русија, по речиси две години од рускиот напад. „Мислам дека никој не го знае одговорот“, рече тој. Тој рече и дека не може да се одржат парламентарни избори додека трае војната. Зеленски постојано повторуваше дека одржувањето на избори може да го поткопа единството и дека Русија може да го искористи тоа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…

Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…

(Видео) „ВМРО-ДПМНЕ подготвува криминал тежок 2 милијарди…

„СДСМ денес алармира за сериозен сомнеж за…

Производителите на пченица се во загуба ако…

Благојче Богоески е млад земјоделец од село…

Премиерот повторно излажа: За учество на избори…

Да се тврди дека зголемувањето на прагот…

Од ноќеска ново поскапување на дизелот, ова…

Малопродажнaта цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се…