Со мотоцикли дошле до врвот на највисокиот активен вулкан
Веќе со години „BMW“ серија „GS“ е еден од најпопуларните мотоцикли во Европа. Неговата комбинација од атрактивност, комфор и теренски способности привлекува десетици илјади мотоциклисти, така што премиерата на новата генерација пред два и пол месеци била вистинска сензација.
Меѓутоа, новитетот веќе соборува рекорди. Така екипа од тест возачи на „BMW“, со неколку специјализирани новинари, се одлучиле да се искачат на врвот на највисокиот активен вулкан на светот: Тоа е Невадо Ојос дел Саладоу во Чиле, чиј врв се наоѓа на 6.893 метри. Идејата била да се направи искачување со целосно сериски мотоцикл, на сериски гуми, и тоа во што е можно пократок рок.
Возењето започнало во околу 3 часот попладне речиси на ниво на морето, траело 19 часа и 22 минути, а во тој период авантуристите се искачиле на точно 6006 метри висинска разлика и го завршиле патот на висина од 6027 метри.
Овој потфат е уште поголем кога се знае колку биле тешки теренот и условите. Имено, температурата била-10 степени Целзиусови во текот на денот, а дури минус 20 степени во текот на ноќта.
Како и да е, новиот „R 1300 GS“ минал се на најдобар можен начин и ја покажал својата способност и на најтешки терени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Србија и продавала оружје на Украина
Српското Министерство за одбрана објави дека „во…
Драстичен пад на цената на нафтата по…
Пазарот на нафта реагираше со наголем пад…
Израел: Се согласуваме на примирје
Владата на Израел утрово потврди дека го…
Арагчи: Доколку Израел ја запре агресијата, Иран…
Шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, рано…
Иранска ТВ: Трамп го молеше Техеран за…
Иранските државни медиуми утринава ја објавија веста…