(Видео) Шокантна снимка: Полициски инспектори се борат за живот во тешка сообраќајка во Охрид
Порталот Охрид скај објави вознемирувачко ексклузивно видео до кое дошла редакцијата, кое покажува дека на 17-ти декември 2023 година, во 00:40 часот, на крстосницата на булеварот „Железничка“ со улицата „Будва“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа, во која се повредени две лица.
Незгодата, како што пишува Охрид скај, се случила помеѓу патничко возило марка „Мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управувано од страна на 48-годишно лице од Охрид и патничко возило „Форд“ со охридски регистарски ознаки, сопственост на МВР, управувано од 37-годишно лице од Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двете лица во возилото „Форд“, пишува Охрид скај.
Увид на местото на незгодата извршија јавен обвинител и полициски екипи, а возачот на „Мерцедесот“ бил лишен од слобода поради сомнение за сторено кривично дело по член 300 од Кривичниот законик,стои во соопштението на МВР.
Редакцијата Охридскај дошла до видео од надзорни камери кој се наоѓаат во непосредна близина на местото на настанот. Од видео материјалот може да се согледа дека лицето С.Ц.А кој управувал пмв „Мерцедес“ на улица Железничка, возилото се движело со брзина за која експертите кои го погледнале видеото оцениле дека е над 160 км/ч.
Двете лица, како што пишува Охрид скај, кои се наоѓале во возилото „Форд“ сопственост на МВР имаат тешки телесни повреди, од кои возачот има фрактура на 7 ребра, пнеуаторакс, набиеници и истиот се наоѓа на клиниката за торакална хирургија во комплексот клиники „Мајка Тереза“во Скопје. Совозачот во возилото „Форд“ се здобива исто така со тешки телесни повреди -фрактура на 12 и 13 пршлен, набиеници по цело тело, повреда на десно око. И двајцата полициски службеници имаат животно загрозувачки повреди.
Од редакцијата Охрид скај прашуваат зошто за лицето кое го возело мерцедесот нема мерки на претпазливост.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кинеските технолошки гиганти нарачале чипови од „Нвидиа“…
„БајтДенс“, „Алибаба“ и „Тенсент“ нарачале повеќе од…
Италија испраќа 500 војници во Милано по…
Италијанските власти планираат распоредување 500 војници во…
Вашингтон го отстранува DeepSeek од државните системи:…
Американското Министерство за домашна безбедност нареди отстранување…
САД ѝ се заканија на ЕУ со…
Американскиот амбасадор во Европската Унија, Ендрју Паздер,…
Турција го испрати во парламент одбранбениот пакт…
Турција го доставила на парламентарна ратификација одбранбениот…