Касами: Најавуваме протести и блокада на изборите ако не добиеме свој член во ДИК
Претседателот на БЕСА Билал Касами вели дека законски на албанската опозиција им следува свој член во ДИК и го повика претеседателот на Собранието Талат Џафери да не калкулира по однос на ова прашање.
„Тука нема можност за калкулации самото барање на претседателот на Собранието доставено до опозициските партии, а не до Алијанса на Албанците покажува дека законот е јасен, но понатаму претседателот на Собранието се обидува да направи опструкции во овој дел со тоа што има пратено писмо до партии кои не постоело на претходните избори. Ние како опозициски партии доставивме наше има за ДИК и се надеваме дека Собранието ќе постапи согласно законот“, рече претседателот на БЕСА Билал Касами.
Касами најави протести ако не добијат свој член во ДИК.
“Ние се надеваме дека до пред да се формира техничката влада ќе го добиеме нашиот член оти тоа е предуслов за фер и демократски избори, но ако претседателот на Собранието продолжува да ги игнорира законите јас во една прилика реков дека ние нема да дозволиме да се организираат избори на ваков начин, ќе протестираме и ќе ги искористиме сите наши права да не дозволиме нефер и недемократски избори“, рече претседателот на БЕСА Билал Касами.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Руски воен сателит опасно се приближил до…
Руски воен сателит се приближил на околу…
ИЗРАЕЛ ВО НАЈВИСОКА БОРБЕНА ГОТОВНОСТ: „Сè зависи…
Израелските вооружени сили се наоѓаат во состојба…
СТУДЕНТСКАТА ЛИСТА ПОВИКА НА СМИРЕНОСТ: Да не…
Српската Студентска листа излезе со сериозни обвинувања…
(Видео) ПАНИКА МЕЃУ ШТЕДАЧИТЕ ВО СРБИЈА: Граѓани…
По пропаѓањето на АЛТА банка во Србија,…
Мицкоски најави дека во декември ќе бидат…
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека во декември…