МНР со реакција на објавата на „ЕУРОИНВЕСТ МЕДИУ“
МНР реагира на вчерашното соопштение на компанијата „ЕУРОИНВЕСТ МЕДИУ“ дека се одолговлекува изборот на најповолен понудувач за реконструкција на дипломатски објект во Цирих.
– По повод вчерашната реакција на компанијата „ЕУРОИНВЕСТ МЕДИУ“, Министерството за надворешни работи ја информира јавноста дека постапката за избор на најповолен понудувач, на огласот со број 19953/2023, за реконструкција на постојниот дипломатски објект во Цирих е во тек.
На огласот има пријавено само една компанија за ДЕЛ-1- Компанијата ЕУРОИНВЕСТ МЕДИУ, с. Зајас додека две понуди има за ДЕЛ-4.
Иако е завршена евалуацијата на законските и тендерските побарувања на понудите од страна на комисијата за јавни набавки, сепак, поради чувствителноста на јавноста, по насока на Министерот, а со цел целосна транспарентност, побарани се дополнителни гаранции и потврди со кои ќе се укаже дека компанијата нема конфликт на интерес од било кој тип.
Иако не е законска обврска, ниту пракса, Комисијата за набавки при Министерството за надворешни работи побара и доказ дека компаниите не се донатори на политички партии.
Во рамките на целата постапка, за делот каде што има пријавено повеќе од една компанија, Ќе биде одржана електронска аукција.
По завршување на сите постапки Министерството ќе се води само по словото на законот и нема да дозволи никакви субјективни фактори да влијаат при одлуката за избор. – велат од МНР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонското МНР со сочувство до Индија по…
Од македонското Министерство за надворешни работи денеска…
Бугарскиот МНР се слушнал со Муцунски: Бугарија…
Министерот за надворешни работи на Бугарија, Георг…
„УКИМци за Палестина“ до МНР: Осудете ја…
Група студенти „УКИМци за Палестина“ го повикаа…
Бугарскиот МНР: Бугарија нема и не може…
Членството во ЕУ не е дадено, туку…
МНР ќе троши 4.3 милиони денари за…
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија…