Германска банка бара 20.000 работници, бонусот за добредојде е 1.500 евра
До 2034 година банката веројатно ќе има потреба од „нешто помалку од 20.000 нови вработени“, изјави директорот за човечки ресурси за германските медиуми.
„Ќе биде многу тешко да се најде доволно кадар на сегашниот пазар на труд“, вели менаџерот кој работи во Комерцбанк од јануари 2023 година.
Во источна Европа, банките сега исплаќаат бонуси за нововработените кои изнесуваат меѓу 1.000 и 3.000 евра. Во Германија бонусот за секој нов вработен е 1.500 евра.
„Во следните десет години многу бејби бумери кои работат во нашата банка ќе заминат во пензија. На тоа се додава природниот промет, кој ќе се зголемува“, вели директорот за човечки ресурси, пишува НТВ.
„За да не го намалиме бизнисот, мораме да вработуваме околу 2.000 нови вработени секоја година – околу половина од нив во Германија, а другата половина на локации во странство како што се Лоѓ, Прага, Софија и Куала Лумпур. Ова е единствениот начин на кој можеме да го одржиме планираниот број на работни места со полно работно време, кој останува константен на околу 36.000 во целата групација“.
Откако ја презеде болната банка Дрезднер во средината на финансиската криза во 2008 година, Комерцбанк беше првенствено фокусирана на мерките за штедење и отпуштања.
Набргу по приклучувањето кон Комерцбанк, главниот извршен директор Манфред Кноф, кој е на функција од почетокот на 2021 година, објави 10.000 трајни кратења на работни места ширум светот.
„Во изминатите 15 години нè карактеризираат програми за намалување на бројот на работници. Од преземањето на Dresdner Bank во 2008 година, едно преструктуирање следеше друго“, рече директорот.
„Сега се движиме во сосема друга насока. Треба да привлечеме многу луѓе кои се на пазарот на трудот – и тоа со голема брзина“, додаде тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ОЈО ГОКК ќе се сретне со родителите…
Секој кој има докази за делот од…
„Ние сме мала држава, но се однесуваме…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, од Хаг денеска изјави…
Нетанјаху станува сè посилен по конфликтот со…
Владејачката партија Ликуд во Израел бележи зголемување…
Каменичанец изградил поткровје без соодветна дозвола, па…
Жител на Македонска Каменица доби кривична пријава…
ЈП „Чистота и зеленило“ пред колапс поради…
ЈП „Чистота и зеленило“ пред колапс поради…