Перез: Ова е историски ден за фудбалот и спортот!

t

Главниот иницијатор за формирање на Суперлигата, Флорентино Перез не го криеше задоволството од одлуката на судот во Луксембург, тој како историски го оцени денешниот ден.

Претседателот на Реал Мадрид, вели дека европскиот фудбал веќе нема да биде монопол и клубовите ќе бидат господари на својата судбина.

„Во Реал Мадрид ја поздравуваме одлуката на судот. Во наредните денови ќе го проучуваме опсегот на оваа резолуција. Прво, европскиот фудбал веќе нема да биде монопол. Второ, клубовите ќе бидат господари на својата судбина. Денеска победија фудбалот и фановите. Денес преовладуваат правото и слободата. Пред 70 години направивме фундаментален чекор со создавањето на Европскиот куп… сега браниме еден модерен проект компитабилен со државните натпревари. Тоа ефектино ќе наметне почитување на финансискиот фер-плеј. Мадрид ќе продолжи да работи за доброто на фудбалот. Ќе ги заштитиме играчите и ќе ги возбудиме навивачите. Кампањите од денеска ќе се интензивираат. Никој не рече дека е лесно да се стави крај на монополот. Сега ќе работиме без закани, без да дејствуваме против нешто и некого. Од денес сегашноста и иднината се во рацете на клубовите, играчите и нивните навивачи. Ова е голем ден за историјата на фудбалот и спортот“, рече Флорентино Перез.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лишени од слобода двајца кумановци: Возеле под…

Лишени од слобода двајца возачи во Куманово…

Нетанјаху: На пат сме да ги уништиме…

Израел е на пат кон остварување на…

Ова се најбогатите држави во светот, а…

БДП по глава на жител е груба…

Жена од Липково ја удрило струја додека…

Жена од Липково ја удрило струја додека…

Родителите од Кочани официјално побараа средба со…

Семејствата и родителите на починатите во пожарот…