Бериша тврди дека е „посилен од било кога“, откако му го одзедоа пратеничкиот имунитет

t

Откако албанскиот парламент го одобри барањето на Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција, СПАК, поранешниот премиер Сали Бериша да се соочи со правдата, од седиштето на Демократската партија, порача дека „и без имунитет е посилен од било кога“.

-Јас сум посилен од било кога. Јас сум порешителен од било кога во одбрана на праведната кауза на опозицијата. Нема сила во светот што може да ги победи идеалите на демократијата, рече тој.

Одлуката на Собранието да му го одземе имунитетот ја оцени како политичка одмазда и оти сè што е преземено против него е нелегитимно.

-Одлуките беа донесени како политички реваншизам со кршење на секој принцип и закон на оваа држава. Ви благодариме за присуството и довидување. Победа, победа, победа, порача Бериша.

Реагираа и официјалната, призната од судот, Демократска партија, на чело со Љуљзим Баша, кон кого се десеттина пратеници, како и координаторот на пратеничката група на партијата-приврзаници на Бериша (45пратеници), искажувајќи различен став околу ова прашање.

Баша нагласува дека ДП останува посветена на поддршката на СПАК и симнувањето на имунитетот за секое лице барано од правосудните органи.

-Ова е воспоставен стандард и секогаш ќе го следат ДП и нејзините пратеници. Пратениците на ДП никогаш нема да станат дел од

сценаријата што ги подготвуваат Еди Рама и Сали Бериша за да ги искористат како аргумент за спас од правдата. Грдото шоу што двоецот Рама-Бериша им го нуди на Албанците секој четврток, немањето дебата и блокирањето на парламентарниот живот се дела кои служат на пропаднатата власт и на опозицискиот сегмент кои заедно се обидуваат да се скријат од правдата, оценува Баша.

Координаторот на пратеничката група на Демократската партија Газмент Барди во објава на социјалната платформа „Х“ наведува дека одлуката на Собранието е противуставна.

-Неуставната одлука на Собранието против Сали Бериша, одобрена само со гласовите на Еди Рама без оправдување и докази, е вистински политички чин. Игнорирањето на Уставот и законот во конкретниот случај е најлошиот стандард воспоставен во едно демократско општество. Сите треба да бидат еднакви пред законот, но еднаквост треба да постои и во правата. Стандард за соработниците на Еди Рама и уште еден сосема поинаков стандард за противниците на Еди Рама не е ниту еднаквост, ниту правда, наведува Барди.

Пратеничкиот имунитетот на Бериша му беше одземен на денешната пленарна седница само со гласовите на владејачкото мнозинство, по барање на СПАК кое најпрво го поддржа Советот за мандати.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Струмица се одржува Државното првенство во…

Од вчера до 21 јуни во хотелот…

Иран: Блискиот Исток можеби никогаш повеќе нема…

Блискиот Исток можеби никогаш нема да види…

Хрватка се претставувала како директорка на банка,…

51-годишна жена од Хрватска лажно се претставувала…

Заев до Ципрас: Со договорот од Преспа…

Поранешниот премиер Зоран Заев му упати честитка…

Белата куќа испрати меил со сите изјави…

Во услови на тековниот израелско-ирански конфликт, Белата…