Писонеро: Проширувањето останува процес заснован на заслуги, Македонија да ги забрза уставните измени

t

Претендентите за членки на ЕУ се подготвени да работат уште понапорно на клучните реформи за да се приклучат на нашата Унија и сакаме да бидеме јасни дека проширувањето останува процес заснован на заслуги, кој бара вложувања и посветеност за спроведување на суштински реформи, вклучително и за владеењето на правото, изјави за МИА портпаролката на Европската комисија за соседска политика и проширување Ана Писонеро.

Според неа, во услови кога постои моментум за проширување на ЕУ, Европската комисија ги охрабрува сите страни во Македонија да работат заедно за да ја придвижат земјата на нејзиниот пат за пристапување во Унијата.

– Заклучоците на Европскиот совет се јасни: Европската Унија е подготвена да ја заврши фазата на отворање на пристапните преговори со Македонија веднаш штом земјата ќе ја спроведе својата заложба за завршување на уставните измени, како што е наведено во заклучоците на Советот од 18 јули 2022 година, во согласност со нејзините внатрешни процедури. Европскиот совет ја повикува Македонија да го забрза нивното спроведување, изјави Писонеро на прашањето на МИА дали се можни други решенија, како измена на Преговарачката рамка, доколку не се обезбеди мнозинство за усвојување на уставните измени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЗЕЛЕНСКИ БАРА ПИСМЕНИ ГАРАНЦИИ ОД ЗАПАДОТ: Украина…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара од западните…

Мерц му порача на Трамп: Мировниот договор…

Германскиот канцелар Фридрих Мерц му порача на…

НОВИ ЕКСПЛОЗИИ ВО ИРАН: Силни детонации во…

Иранските медиуми јавуваат за нови експлозии во…

ЕУ и НАТО: Претстои уште многу работа…

Европската Унија и НАТО повторија дека претстои…

ИРАК СЕ ПОДГОТВУВА ЗА НОВА ВОЈНА МЕЃУ…

Ирак започнал подготовки за можен нов вооружен…