Град Скопје започна со реализација на проектот за изградба на булевар “Хрватска”
Градот Скопје отпочнува со реализација на проектот за Булевар Хрватска, кој е ветуван пред граѓаните, а не е реализиран повеќе децении. Проектот е еден од најголемите инфраструктурни проекти по чија реализација Скопје ќе има сообраќајно решение со карактер на внатрешна обиколница околу централното јадро и со која се обезбедува побрзо и посигурно поврзување на општината Гази Баба со Чаир и Бутел. Со реализацијата на овој долго очекуван проект во првата фаза се изведува подземната инфраструктура, по што следи фаза на изведба од подвозникот кај Бутел до кружниот тек кај Автокоманда. Со ова сообраќајно решение се затвора вториот кружен прстен во Скопје кој ќе ги намали значително гужвите во сообраќајот.

-Изградбата на булеварот Хрватска и водоводот по неговата траса се капитални проекти чија реализација е неопходна за развој на Скопје. Иако ветувани со децении досега не се преземени никакви чекори за негова реализација, а ова е првата градежна активност за реализација на овој проект, со што воедно се создаваат предуслови за надминување на предизвиците со нормалното водоснабдување за населбите Ченто, Стајковци, Сингелиќ, Инџиково и Хиподром – истакна градоначалничката Арсовска.


Екипи од Градот Скопје и градоначалничката Данела Арсовска денеска на терен присуствуваа на отпочнувањето на градежните активности за вградувањето на игличестиот вентил на цевководот со профил Ф1600, со што ќе се постигне регулација на проток на вода кон населбата Железара, но истиот ќе овозможи и поврзување на двата магистрални водоводни цевководи, едниот со профил Ф700 на булеварот Александар Македонски и другиот со профил Ф1600 по новопроектираниот булевар Хрватска. Изградбата на овој дел од водоводната мрежа е предуслов за подобрување на водоснабдувањето на целата територија на општина Гази Баба.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Најавена е директна авиолинија меѓу Скопје и…
„Од почетокот на март следната година, ќе…
Зоолошката градина во Скопје слави 100 години…
По повод големиот јубилеј, 100 години од…
(Видео) Жестока тепачка на скопскиот аеродром, во…
На социјалните мрежи денеска се појавија видеа…
(ФОТО) Скопјанец ја исфрли цела дневна на…
Инспекторите на Град Скопје синоќа затекнале граѓанин…
Падна мал авион кај Винковци, пилотот почина
Мал авион денеска претпладне се урна во…