(Видео) Бугарски oклопни возила минуваа низ Македонија со наша воено-полициска поддршка

t

Пркеу дваесет камиони со воена опрема на Бугарија транзитираа низ Македонија согласно СОФА договорите кои земјава како членка на НАТО ги има потпишано со сите сојузници од Алијансата. Од Министерството за одбрана за А1он велат дека Македонија има обврска да овозможи непречен транзит на воена опрема или возила на сојузничките земји за нивни потреби, преку територијата на Републиката, пренесува А1 ОН.

„Сите овие активности се најавени и координирани со Армијата на Република Македонија и други институции во државата. Овие активности вклучувајќи го и вчерашниот транспорт се одвиваат постојано и редовно согласно сите дефинирани правила. Транспортот е целосно организиран и реализиран од страна на сојузниците за чии потреби е истиот. Обврска на Армијата е да обезбеди воено-полициска поддршка, што и редовно се реализира на најпрофесионален начин“, велат за А1он од Министерството за одбрана.

Камионите вчера утрото превезуваа тенкови и борбени возила, а како што велат од министерството, воено-полициската поддршка на камионите кои превезуваат воена опрема на сојузничка земја е обврска на Армијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЗЕЛЕНСКИ БАРА ПИСМЕНИ ГАРАНЦИИ ОД ЗАПАДОТ: Украина…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара од западните…

Мерц му порача на Трамп: Мировниот договор…

Германскиот канцелар Фридрих Мерц му порача на…

НОВИ ЕКСПЛОЗИИ ВО ИРАН: Силни детонации во…

Иранските медиуми јавуваат за нови експлозии во…

ЕУ и НАТО: Претстои уште многу работа…

Европската Унија и НАТО повторија дека претстои…

ИРАК СЕ ПОДГОТВУВА ЗА НОВА ВОЈНА МЕЃУ…

Ирак започнал подготовки за можен нов вооружен…