Шпицниот загуби уште една општина: Неформалната коалиција на СДСМ и „Поинаку“ и официјално ја презеде власта во Советот на Битола
По неуспешниот обид на ВМРО-ДПМНЕ да и изгласа недоверба на претседателката на Советот, Габриела Илиевска, денеска во Битола и официјално беше промовирана новата коалиција, која ја сочинуваат СДСМ и „Поинаку“.
Ова денеска го потврди и градоначалникот на Битола, Тони Коњановски на прес-конференцијата што ја одржа по гласањето за недоверба на Илиевска.
Денес и официјално бевме сведоци на новата коалиција во Советот на Општина Битола, составена од СДСМ и „Поинаку“, што има јасна тенденција на пресликување на деструктивната централна политика на локално ниво. И за едните и за другите, главен приоритет е незаконското работење, партизацијата на институциите и блокирање на локалната самоуправа преку оневозможување на реализација на општинските програми, кои произлегуваат од приоритетите на нашите сограѓани, на битолчани од кои сме избрани сите да дејствуваме во интерес за остварување на истите-рече градоначалникот Коњановски и додаде дека Габриела Илиевска продолжува да делува како продолжена рака на СДСМ, до скоро неодлучна во нејзините приоритети кои никако не им одат во прилог кон остварување на потребата на граѓаните од коишто е изгласана.
Во врска со обидот на ВМРО-ДПМНЕ за нејзина смена, претседателката на Советот Габриела Илиевска од советничката говорница рече дека во моментот кога како советничка група на „Поинаку“ се изјасниле дека не поддржуваат партиски вработувања, одеднаш ВМРО-ДПМНЕ се сврти против нив и побара нејзина смена.
-Но, важно е во Советот на Општина Битола да ги браниме ставовите на граѓаните, а не да му се додворуваме на партиите. Во Советот на Битола во изминатите две години речиси сите одлуки се донесени едногласно, во тој дух ќе бидат и наредните седници-рече седницата претседателката на Советот Габриела Илиевска.
ВМРО-ДПМНЕ се очајни бидејќи го изгубија мнозинството во Советот, и претседателите на комисиите, истакна координаторот на советничката група на СДСМ, Методија Илиевски.
-За неполни два месеци ВМРО-ДПМНЕ ќе ги изгуби и членовите на управните одбори во јавните претпријатија. Тоа е реалноста во Општина Битола. Денес, ние како советничка група на СДСМ ќе гласаме против програмите на јавните претпријатија и ние како што истакнавме во повеќе наврати нема да поддржиме никаква субвенција за ниту едно јавно претпријатие. Како СДСМ имаме шанса да не дозволиме да му се случи хаварија на Општина Битола и во јавните претпријатија-рече координаторот на советничката група на СДСМ, Методија Илиевски.
По неуспешниот обид за смена на претседателката на Советот на Општина Битола и официјализирањето на новата коалиција меѓу СДСМ и „Поинаку“, повеќе од јасно е дека во наредниот период со Општината Битола практично ќе раководи новоформираното до неодамна неформално, а сега веќе и формално мнозинство, а ВМРО-ДПМНЕ ќе биде опозиција во Советот на Битола.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЗЕЛЕНСКИ БАРА ПИСМЕНИ ГАРАНЦИИ ОД ЗАПАДОТ: Украина…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара од западните…
Мерц му порача на Трамп: Мировниот договор…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц му порача на…
НОВИ ЕКСПЛОЗИИ ВО ИРАН: Силни детонации во…
Иранските медиуми јавуваат за нови експлозии во…
ЕУ и НАТО: Претстои уште многу работа…
Европската Унија и НАТО повторија дека претстои…
ИРАК СЕ ПОДГОТВУВА ЗА НОВА ВОЈНА МЕЃУ…
Ирак започнал подготовки за можен нов вооружен…