Додик: Правото во БиХ е мртво, странците контролираат сè

t

Претседателот на Република Српска Милорад Додик денеска изјави дека правото во Босна и Херцеговина е „мртво“ и дека „странците контролираат сè“.

„Американската амбасада и нејзиниот персонал со своето мешање и интервенции направија програма за реалност од нешто што треба да се нарече судство, а ние го знаеме како неуставен суд и Обвинителство на Босна и Херцеговина“, напиша Додик на социјалната мрежа X.

Тој изјави дека странците „не кријат дека го контролираат судството, туку јавно се закануваат со процесите, доколку не се направи тоа што го нарачуваат“.

„Тоа нивно насилно и арогантно однесување доведе до тоа дека во врвот на судството има луѓе кои се сериозно компромитирани, а сега сите сме сведоци на успесите и резултатите од нивните големи реформи“, оцени Додик.

Тој додаде дека „странците ги урнаа судот и правдата и институциите и институционалната акција и придонесоа хаосот и беззаконието да владее таму каде што треба да има ред“.

„(Високиот претставник) Кристијан Шмит јавно изјави дека треба да се даде поддршка на Обвинителството, дека е потребна администрација во БиХ што може да се формира со надворешна помош – и никој во БиХ не кажува ништо за тоа“, додава Додик.

Според него, во Обвинителството и Судот не работат адвокати и професионалци, туку „слепи следбеници на американската администрација“.

„Сега некој треба да молчи за тоа и да го дозволи. Еден илегалец ги обиколува РС и Федерацијата и ветува дека ќе му наметне нешто на кого ќе налета. И тоа треба да се вика суверена држава!?“, продолжува Додик.

Тој посочи дека во РС „не се прашуваат странци, ниту избрани, ниту неизбрани. Се прашуваат само луѓето кои на избори кажале каква политика поддржуваат и тоа не е ниту потчинета, ниту предавничка – туку политика која доследно ги почитува Уставот и Дејтонскиот договор“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кисела Вода повторно ќе прска против комарци…

Откако пред два дена Министерството за здравство…

Сите од главниот штаб за управување со…

Откако главниот штаб за управување со кризи…

Јаневска: Квотите за упис се намалени на…

На сите универзитети соодветно се намалени квотите…

Груби останува во куќен притвор до 13…

Поранешниот вицепремиер Артан Груби останува во куќен…

Лавров со сериозни обвинувања: „Америка е вмешана…

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров,…