(Видео) Пукање во центарот на Прага: Повеќе мртви и повредени на Филозофскиот факултет

t

Чешката полиција соопшти дека луѓе се убиени и повредени во пукање во близина на универзитет во центарот на Прага.

Извештаите покажуваат дека инцидентот се случил на Филозофскиот факултет на Карловиот универзитет, кој се наоѓа на плоштадот „Јан Палах“.

https://x.com/HexdlineNews/status/1737847864351768862?s=20

Стрелецот е елиминиран! Целата зграда моментално се евакуира и на местото има неколку загинати и десетици повредени“, соопшти полицијата на мрежата Икс.

Според градоначалникот Бохуслав Свобода, напаѓачот паднал од зградата и починал, според непотврдени сведоштва на мрежите, тој прво се застрелал. Полицијата сѐ уште не го прецизирала начинот на отстранување.

Таму е министерот за внатрешни работи Вит Ракушан. „Ги повикувам граѓаните да не одат на местото да гледаат. Сакам да ја уверам јавноста, стрелецот е елиминиран, друг напаѓач не е потврден“, рече тој во интервју за Чешката телевизија.

Според достапните фотографии, по ходникот на факултетот се движел маж со долго огнено оружје. Други слики покажаа луѓе како трчаат од зградата со кренати раце.

Студентите забарикадирани внатре во факултетот опишаа дека виделе како паѓа девојка која сакала да се спаси слегувајќи од балконот; дури и тоа сè уште не може да се потврди.

Спасувачката служба го активирала таканаречениот план за траума. Сведоците напишаа на социјалните мрежи дека имало „многу пукање“.

„Ги повикуваме граѓаните да не престојуваат во непосредна близина и да не излегуваат од дома. Интервенцијата на полицијата сѐ уште продолжува“, додаваат полициските службеници.

„Млада фронта“ јавува дека полицијата ги повикала сите расположливи патроли од прва линија и засилувања од другите региони на местото на настанот во центарот на Прага. Случајот е пријавен како „пукање од луд вооружен маж“.

Се вели дека напаѓачот бил на 4 кат, на вработените им е испратена електронска пошта да останат во канцелариите и да ги изгаснат светлата, да ги заклучат и да ги забарикадираат вратите.

Премиерот Петр Фијала, кој беше во посета на градот Оломоуц веднаш трганл назад кон Прага и ги повика граѓаните да ги почитуваат упатставата од полицијата. Тој соопшти дека пукањето било во Филозофскиот факултет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во недела избегнувајте ги овие улици и…

СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје…

37-годишен скопјанец го запалил мостот „Беласица“, кривично…

Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски…

Постара Турчинка се загубила во Скопје

Вчеравечер во 23.00 часот во Полициската станица…

33-годишна штипјанка најмила жена за да ѝ…

Штипјанка била измамена од гатачка, која ѝ…

Филипче: СДСМ ќе мора да помине низ…

Идниот пратеник од СДСМ, Венко Филипче, на…