(Фото) Студент објави фотографија од училницата каде што се криел од монструмот
Пукањето на Карловиот универзитет во кое еден човек уби 10, а рани повеќе студенти и наставници за шефицата на ЕК Урсула фон дер Лајен е бесмислен чин кој однел неколку животи.
„Шокирана сум од бесмисленото пукање кое денеска однесе неколку животи во Прага. Им изразувам длабоко сочувство до семејствата на жртвите и до чешкиот народ во целина. Покрај вас сме и тагуваме со вас“, рече шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
Напаѓачот, кого чешката полиција усеала да го ликвидира, уби 10 луѓе. Чешката телевизија јавува дека во масакрот биле убиени 11 лица, меѓу кои и напаѓачот. Најмалку 24 се повредени.
Додека траел крвавиот пир, за којшто се уште не се знае мотивот, професорите, студентите и вработените на Филозофскиот факултет попладнево добиле електронска пошта да се забарикадираат.
Сличен мејл добиле и вработените во Високата школа за уметност и индустрија, која исто така се наоѓа на Плоштадот „Јан Палах“.
„Останете каде што сте, не одете никаде. Доколку сте во канцелариите, заклучете ги и поставете го мебелот пред вратата. Исклучете ги светлата, напаѓачот најверојатно е на четврти кат во зграда на Плоштадот „Јан Палах“, стои во мејлот.
Еден од студентите на Твитер објави фотографија од училницата во која се криел.
„Во моментов сум забарикадиран во училница во Прага. Напаѓачот е мртов, но чекаме да бидеме евакуирани. Се молиме да преживееме. Ја заклучив вратата пред напаѓачот да се обиде да ја отвори. Ова е пекол“, напишал.
Поради трагичниот настан во главниот чешки град Чешкиот премиер Петр Фиала објави дека ги откажал должностите во Оломуц и се враќа во Прага. Тој побара од граѓаните да ги следат упатствата на службите.
Според некои студенти, девојка која се обидела да се спаси преку балкон, паднала. Оваа информација не е потврдена и не се знае состојбата на девојката.
Currently stuck inside my classroom in Prague. Shooter is dead, but we are waiting to be evacuated. Praying to make it out alive.
Locked the door before the shooter tried to open it. Fucking hell. pic.twitter.com/wYyhOe5U6p
— Jakob Weizman (@jakobweizman) December 21, 2023
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нема сериозни изгореници кај лицето кое синоќа…
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување,…
Битолчанец нападнал обезбедување во казино
Полицијата во Битола лишила од слобода 49-годишен…
Ангелов: Водата во Гостивар од денеска е…
Од денеска водата во Гостивар е безбедна…
Северна Кореја подготвува испраќање до 50.000 војници…
Северна Кореја се подготвува за масовно зголемување…
Нов Зеланд ја повлече поддршката за Инфантино
Нов Зеланд се приклучи кон земјите кои…