За нештата да бидат појасни: Ќерката на директорката од Чашка која прифати албанска паралелка, се вработила во просветен инспекторат!

t

Ќерката на директорката на основното училиште „Тодор Јанев“ во Чашка, Елена Николова која пред десетина дена беше нападната од гневна толпа на родители затоа што прифати отворање на албанска паралелка, се вработила во Државниот просветен инспекторат, дознава „А1он“.

Таа е вработена на позицијата советник во Инспекторатот каде што директор е Халил Фератов од Горно Јаболчиште, општина Чашка кој е кадар на Алијанса за Албанците. Како директор тој му наложи на МОН да му ги одзеде ингеренциите на градоначалникот на општина Чашка, Горан Стојановски што не отворил албанска паралелка во централното училиште иако во тој реон не живеат Албанци.

Минатата недела, гневна толпа на родители на децата oд училиштето „Тодор Јанев“ кои неколку недели ја бојкотираат наставата поради одлуката на МОН да се отвори албанска паралелка, и се нафрлија на директорката Николова, а полицијата мораше да интервенира и спречи поголем инцидент во моментот кога таа доаѓаше во училишниот двор.

Полицијата повика на разговор неколкумина родители кои ги пријавила директорката Николова дека се обиделе да ја нападнат при протестот.
Родителите на учениците Македонци не дозволуваат противзаконско и вонстатутарно отворање на албанска паралелка која ја одобри МОН а ја прифати директорката Николова.

Револтот се зголеми затоа што министерот Јетон Шаќири не се согласува со предлогот на родителите оние четири деца за кои се отвори паралелката, да учат на својот мајчин јазик во друго училиште во село Сливник кое со реонизација припаѓа на општина Велес, не на Чашка.
За „А1он“ родителите порачаа дека ќе одат до крај и дека се подготвени да платат казна и нивните деца да загубат учебна година ако министерот не почне да постапува законски.

Училиштето, според статутот е само за настава на македонски јазик и во населено место со Македонци и отворањето на ваква паралелка, според родителите е насилно и незаконски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Апсење во Куманово: Пронајдени кокаин и канабис

На 10.05.2024 во 19.30 часот во Куманово…

(Видео) Остварена средба помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН

Денеска беше остварена средба помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и…

Европскиот фронт ја објави декларацијата потпишана со…

Европскиот фронт денеска ја објави заедничката политичка…

(Видео) Четврти инцидент со Боинг во три…

Патнички авион Боинг 737 мораше принудно да…

Приведен криминалец баран со потерница

На 10.05.2024 во 12.30 часот во Кичево,…