Протести во Белград: Граѓаните не се откажуваат од барањето за поништување на изборите
Граѓаните и вечерва протестираат пред Републичката изборна комисија (РИК) барајќи да се поништат изборите и да се распишат нови поради огромни нерегуларности.
Организацијата ЦРТА потврди дека миграцијата на гласачите имала одлучувачко влијание врз исходот од изборите во Белград, додека српската премиерка Ана Брнабиќ ги обвини ЦРТА, опозицијата и странските набљудувачи дека сакаат да ја дестабилизираат Србија.
Исто така, граѓаните и вчера излегоаа на протест на повик од опозициската коалиција „Србија против насилството“, која тврди дека победата на владејачката Српска напредна партија (СНС) на неделните избори е резултат на изборна кражба.
Коалициската претставничка Мариника Тепиќ, која штрајкува со глад од 18 декември, им порача на демонстрантите на протестот дека на штрајкот со глад треба да се приклучат уште две пратенички од опозицијата, Јелена Милошевиќ од Ниш и Даниела Грујиќ од Нови Сад.
Таа испрати порака дека уште повеќе ќе ја засилат борбата, се додека не се поништат изборите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски на годишнината од Рамковниот договор: Иднината…
„Свесни сме дека Рамковниот договор различно се…
Гори на 9 локации низ Македонија, 2…
На ден 13.08.2026 година, до 13:00 часот,…
Уапсени мајка и ќерка: Се заканувале на…
На 12.08.2026 во 11:45 часот, полициски службеници…
МВР се огласи, повреди пронајдени на телото…
Оперативниот директор на телевизијата „Алсат“, Лирим Хајредини,…
Цариниците пронашле тројца мигранти скриени меѓу кутии…
Царински службеници од Царинската управа пронашле тројца…