(Видео) Костовски: Мицкоски по амбасади ветува дека ќе го смени уставот – Гоце Делчев не го даваме!
Мицкоски и неговите потпретседатели по амбасади ветуваат дека во првите сто дена ќе ги внесат Бугарите во Уставот доколку дојдат на Власт, вели во денешното гостување во Тешки муабети пратеникот од редовите на СДСМ, Мартин Костовски.
– По амбасади ветуваат дека ако им се даде шанса да направат Влада, тие во првите сто дена ќе го сменат Уставот бидејќи според нивната мантра членовите на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја заборават промената на Уставот за четири години, вели Костовски.
Пратеникот истакна дека во Бгарија секогаш ќе има политичари кои даваат провокативни изјави за Македонците.
– Тие можат да даваат изјави, можеме и по 50 години да се тепаме за Гоце Делчев и Гоце Делчев не го даваме. Не може некој да наметне мојата ќерка која е трето одделение да учи кој го кренал и чие било Илинденското востание, вели Костовски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
Платформата „12.05“: Филипче го жртвуваше Радески во…
Раководството на СДСМ се повеќе наликува на…
ВМРО-ДПМНЕ: Реформаторите на СДС го тролаат „лидерот“…
СДСМ со Венко Филипче се бетонира како…