Џани: Не е важно дали Србија го признава Косово, важно е да нѐ признае “големата петорка”
Аналитичарот Висар Џани рече дека по постигнатите договори во Охрид и Брисел, во сегашната ситуација, процедурално, не е важно дали Србија ќе го признае Косово или не, туку важно е независноста на Косово да биде признаена од „големата петорка“, пишува Теве. 1
„Процедурално, во моментов не е важно дали Србија не признава или не. Поважно ни е да бидеме признати од европската петорка отколку Србија. Бидејќи во одредени процедури ќе се соочиме со европската петорка, ќе ни треба нивниот глас со цел да се приклучиме на важни меѓународни организации“, објасни Џани.
Тој вели дека моменталната позиција во дијалогот не е поволна за Косово, бидејќи има притисоци, заедно со актуелната геополитичка ситуација.
„Сегашната позиција не е поволна за Косово бидејќи е под притисок и во непредвидлив геополитички развој. Ние сме под дипломатски притисок, речиси ја губиме меѓународната поддршка. Згора на тоа, Косово нема нови признавања, Косово не се приклучува кон европските организации и сето тоа се притисоци за Косово и потребата за побрзо постигнување договор“, рече тој.
Тој додава дека во моментот кога Косово ќе ги исполни обврските кои произлегуваат од договорот, тој процес е завршен, а европската петорка повеќе нема да има аргумент за продолжување на процесот на дијалог.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсени се петмина онлајн предатори во Србија:…
Српската полиција денеска спровела голема акција во…
Урсула фон дер Лајен пречекана во Приштина…
Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон…
Косовски рапер пее „Секси мама“ на гробот…
Историскиот музеј во Крушево скандалозно му дозволил…
Србин насилно отворил резервоар од охридско „порше“…
ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.С.(37)…
Косовскиот парламент ја отфрли пресудата за воени…
Собранието на Косово денеска усвои декларација со…