Ајде сите да бидеме ХУМАНИ! Донации и поддршка за фамилиите на Македонските Уставобранители

t

Браќа и сестри, Македонци во Македонија и ширум светот, новогодишните и Божиќните празници се ближат, и во оваа 2023 година нашите браќа, Македонските уставобранители, патриоти, веќе полни 6 години се обесправени и одвоени од своите фамилии.

Ова е петта година по ред како собираме донации за нивните фамилии, кои се оставени на милост и немилост, оставени сами да се борат со неправдата, со неизвесноста и судбината на своите татковци, сопрузи и синови. Да не дозволиме да се борат и со сиромаштијата сами, барем во таа борба можеме да им помогнеме! Нашата должност како Христијани и Македонци е да донесеме насмевка таму каде што нема, да внесеме верба каде што е изгубена.

Не смееме да дозволиме семејствата на Македонските патриоти сами да ги пребродуваат овие новогодишни и божиќни празници, не смееме да ги оставиме нивните деца без пакетче под елката и трпези без храна, а нивните домови без струја или огрев за зимата.

Во изминатите 4 години само преку овие донаторски акции, кои започна во 2019 година на Facebook donations, а од минатат година се префрли на GoFundMe donations, успеавме да собереме приближно 75,000 Канадски долари (15,000 Канадски долари во 2019 година, 28,937 Канадски долари во 2020 година, 20,408 Канадски долари во 2021 година и 8,911 Канадски долари во 2022 година). Четири години по ред, откако завршува секоја донаторска акција, 100% од собраните средства транспарентно и подеднакво беа поделени на 20 фамилии, со директна достава на помошта до секоја фамилија поединечно. Оваа година, нашата цел е да собереме најмалку 25,000 Канадски Долари.

Иницијатор на оваа донаторска акција во Канада е Македонскиот Светски Конгрес Канада. Оваа година, група на активисти патриоти од Македонија, заедно со председателот на Светскиот Македонски Конгрес Канада, Боби Темелков, успеаа да регистрираат Меѓународна Македонска Донаторска Организација во Македонија, под името “Македонскиот Национален Фонд” (Светски Донаторски Фонд за помош на Македонија и Македонците во Македонија), моментално наменета за помош на фамилиите на Македонските Уставобранители. Од оваа година и во иднина, сите средства собрани преку GoFundMe Канада ќе бидат испратени директно во Македонскиот Национален Фонд, од каде што ќе бидат подеднакво поделени на фамилиите на Македонските Уставобранители.

Во Средината на Август 2023, од средствата собрани од Македонскиот Национален Фонд во Македонија заедно со средствата собрани од GoFundMe Канада (средства собрани во Јули и Август 2023) на 19 фамилии им беа испратени по 5000 македонски денари помош.

Поради транспарентност на донаторската акција сите донации ќе добијат јавна благодарност на Фејсбук (ако некој донатор инсистира на анонимност ќе биде заведен само со иницијали).Како и сите години така и оваа сите собрани средства ќе бидат подеднакво поделени со семејствата, јавно и транспарентно.

Бидете хумани, помогнете им на фамилиите на нашите браќа, Македонските патриоти. Раката што дава не се суши!

Ви благодариме за вашата помош. Можете да донирате на следниот линк.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп: „Суперинтелигенцијата е ЗЛАТО, само луди лидери…

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно изрази силна…

Касис понуди помош од ОБСЕ за Македонија…

Продлабочување на билатералната соработка, зајакнување на економските…

Мицкоски: Историски најголема разлика помеѓу извозот и…

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека податоците на…

Велешанецот со „кубанската вакцина“ добил забрана за…

Четириесет и седумгодишниот М.А. од Велес, добил…