Коцарев има компромисно решение за внесување на Бугарите во Уставо, може ако …

t

Флоскулата „или интеграција во ЕУ или изолација“ е празна фраза, манипулација. Ова го вели претседателот на МАНУ, Љупчо Коцарев, во денешното интервју за весникот „Нова Македонија“.

– Флоскулата „или интеграција во ЕУ или изолација“ е празна фраза, манипулација: државите како Велика Британија, Исланд, Норвешка, Турција, Сан Марино, Андора, Лихтенштајн, Ватикан, Монако, Швајцарија, на пример, не се членки на ЕУ и не се изолирани држави. Впрочем, и Република Македонија не е членка на ЕУ и не е изолирана држава. Каква е целта на упорното повторување: „или ЕУ или изолација“? Можеби, сеење страв и раздор? Доколку не почнат пристапните преговори, дали сегашните политички елити ќе почнат со изолација на Македонија?, прашува академикот.

Тој додава:

-Според моето мислење, единствен компромис за евентуална промена на Уставот (иако токму барањето за промена е бесмислено и јас гласно порачувам НЕ за промена на Уставот!) би било најпрво признавање од бугарската страна на следните научни факти: (а) постоење на дел од македонскиот народ (македонското етничко малцинство) во Бугарија, (б) македонскиот јазик има просторен и милениумски континуитет и не е бугарски дијалект и (в) Македонците и Бугарите немаат заедничка историја, туку само споделени места во историјата. А потоа, можеби, промена на Уставот, потенцира Коцарев.

Целото интервју може да го погледнете ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сиљановска за неупотребата на ,,северна”: Имам право…

,,Во своите јавни настапи, македонската претседателка има…

Стано: Нова средба на главните преговарачи на…

Во среда ќе се одржи нова рунда…

САД: Предупредување до Израел од хаос и…

Американската влада го критикува израелското водење на…

„Коха“: Косово е надвор од агендата на…

Комитетот на министри во Советот на Европа…

Албанија „ќе увезе“ 40.000 работници од Филипините

Недостигот на работна сила во индустријата за…