Нетанјаху: Продолжуваме со војната до крај
„Ја продолжуваме војната до крај. Војната ќе продолжи сѐ додека Хамас не биде елиминиран, до победа. Оние кои мислат дека ќе престанеме, немаат врска со реалноста“, рече Нетанјаху во видео-обраќањето објавено од неговиот кабинет.
„Нема да престанеме да се бориме додека не ги постигнеме сите цели што си ги поставивме: елиминација на Хамас, ослободување на заложниците и отстранување на заканата од Газа“, додаде тој. „Го напаѓаме Хамас со оган, пеколен оган. Секаде, дури и денес. Ги напаѓаме и оние кои ги поддржуваат од блиску и од далеку. Сите терористи на Хамас, од првиот до последниот, се мртви луѓе. Тие имаат само две опции: да се предадат или да умрат ,” рече Нетанјаху.
Нетанјаху ова го изјави во време кога лидерот на Хамас Исмаил Ханија денеска ги започна преговорите во Египет за прекин на непријателствата што ќе овозможи ослободување на заложниците и испорака на хуманитарна помош за Газа.
Официјален претставник на Хамас, кој сакаше да остане анонимен, денеска во Газа изјави за АФП дека „целосен прекин на огнот и повлекување на израелската окупаторска армија од Газа е услов за какви било сериозни преговори за размена“ на израелски заложници за палестински затвореници.
Во меѓувреме, ОН разговараат за предлогот за резолуција на Советот за безбедност што ќе овозможи брза испорака на хуманитарна помош во Газа. Гласањето веќе двапати беше одложено и земјите-членки бараат добра формулација за да го избегнат американското вето. Текстот, кој првично бараше „итен и траен прекин на непријателствата“ во Газа, сега споменува „прекин“ на борбите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Чудо по земјотресот во Колумбија: Спасена жена…
Спасувачки тим од Колумбија спаси жена која…
ЕУ од утре со нови правила за…
Во Европската унија од утре се менуваат…
Охрид ќарува 700.000 евра годишно од закупот…
Уредувањето и користењето на охридските плажи на…
Судење во Салцбург: Македонец и Босанец обвинети…
Пред судот во Салцбург започна судскиот процес…
Американка две години лажела дека е болна…
Жена од Флорида, САД, лажирала дијагноза за…