Ковачевски од Штип: Победа на Европскиот фронт и членство во ЕУ во наредниот мандат

t

„Нашиот фокус е што побрза интеграција на земјата во ЕУ и нема да не поколеба токсичниот популизам и автократските тенденции, ниту лажните вести“, порача претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски во Штип.

„Горд сум што сето ова го препознаа нашите пријатели од ЕУ, во нас видоа реформска партија, во нас препознаа партнер кој земјата ја внесе во НАТО, која на граѓаните им овозможи стабилност и безбедност и која може да ја внесе земјата во ЕУ“, рече Ковачевски.

Ковачевски, посочи дека СДСМ, како водечка партија што ја сврте државата кон европската агенда, нема да дозволи напредокот на земјата да биде жртвуван од неодоговорни политичари како Мицкоски, кој самиот кажа дека со неговата партија може да нема евроинтеграции ниту за 100 години.

„Ние започнавме иницијатива за формирање на Европски фронт. Ги повикавме сите политички субјекти, невладини организации, граѓански здруженија, активисти, сите кои иднината на земјата ја гледаат како полноправна членка на ЕУ да се приклучат. Одиме на двојна победа, на претседателските избори и на парламентарните избори во 2024 година“, повика Ковачевски.

„СДСМ ќе ја формира новата проевропска Влада којашто ќе ја однесе земјата во Европската Унија и која ќе обезбеди европска иднина за нашите деца, ама не во некоја туѓа земја во ЕУ, туку тука дома, во Европска Македонија“, оцени Ковачевски во Штип.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ФАЦ: Промената на власта во Македонија ќе…

Промената на власта во Македонија ќе означи…

Зеленски се жали: Русија започна нова офанзива…

„Русија започна нов бран на офанзивни акции…

(Видео) На Дончиќ му пуштија звуци од…

Словенечкиот репрезентативец, Лука Дониќ, ноќешниот меч на…

Фудбалерите го креваат гласот, се заканија со…

Синдикатот на фудбалерите (ФИФпро) и Асоцијацијата на…

Димитриевски нема вечно да чека на Валенсија,…

Македонскиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски, се наоѓа…