Teнзично во Белград: Се бара полицијата да се одалечи од градското собрание
Пратеникот од Зелено-левичарскиот фронт Радомир Лазовиќ вечерва ги повика полицајците да се оддалечат од влезот на градското собрание во Белград и да дозволат советниците да им се обратат на насобраните граѓани, за да се смири ситуацијата.
Никој не сака насилство, ние се бориме против насилството, овие луѓе вршат насилство, а не граѓаните врз кои се користи сила“, изјави тој пред новинарите пред Градското собрание.
Тој порача дека граѓаните се бесни, но дека секој треба да се потруди да не дојде до крвопролевање.
„Ние ги браниме институциите и овие луѓе се насилници“, рече Лазовиќ, покажувајќи кон градскиот парламент.
Коментирајќи ги најавите дека српскиот претседател Александар Вучиќ наскоро би можел повторно да се обрати, Лазовиќ рече дека тоа веќе никој не го интересира.
„Тој е лажго, манипулатор и крадец. Никому веќе не му е гајле за тоа. Човече, ги изгубивте изборите во Белград, тргнете се од патот“, рече Лазовиќ.Teнзично во Белград: Се бара полицијата да се одалечи од градското собрание
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лажен полицаец година и пол работел на…
Сериозни пропусти во работата на полицијата се…
Братот на зетот на Трамп за 12…
Лос Анџелес лејкерс наскоро ќе добијат нов…
Тајните служби во Германија добија поголеми овластувања…
Како одговор на растечката закана од сили…
Каролин Левит ќе ја напушти функцијата портпаролка…
Портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, која…
Украина годинава ослободила 745 квадратни километри окупирана…
Украинскaта војска во текот на оваа година…