(Во живо) Ќотек и апсење: Српската полиција ги приведува лица кои предизвикаа нереди пред зградата на Градското собрание

t

Припадниците на Министерството за внатрешни работи во соработка со Вишото јавно обвинителство во Белград, вечерва започнаа со апсење на лицата кои се обиделе насилно да упаднат во зградата на градското собрание на Белград.

Поддржувачите на коалицијата „Србија против насилството“ (СПН) вечерва го продолжија протестот пред Собранието на Белград, каде на чело со Александар Јовановиќ Ќута уште еднаш се обидоа насилно да влезат во зградата. Полицијата стационирана во зградата на Градското собрание реагираше и ги испрска Јовановиќ и демонстрантите со бибер спреј.

Демонстрантите продолжија да фрлаат камења и шишиња кон зградата на Собранието, да кршат прозорци и врати, кои повторно ги нападнаа со шипки. Насобраните се уште се пред градското собрание.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МВР: Граѓаните да не отвораат лажни пораки,…

Министерството за внатрешни работи денеска упати апел…

И утре нè очекува голема жештина со…

Високи температури низ цела Македонија најавува Управата…

САД: Во Масачусетс ќе се дозволува абортус…

Гувернерката од Демократската партија, Маура Хили, денеска…

ВО НАЈТЕШКИОТ МОМЕНТ ИЗБРАЛЕ ДА ПОМОГНАТ: Два…

Постојат одлуки што ја менуваат смислата на…

Русија веќе ја напаѓа Украина со севернокорејски…

Во масовниот руски напад врз Запорожје биле…